Hristos.Filip.Natanail


Се воодушевувам од големината и живтворноста на Божествсните Тајни: една сосема изнемоштена старица, која кашлаше крв и ништо не јадеше, по причестувањето со Светите Тајни (со кои јас ја причестив), истиот ден почна да се опоравува, А пак, една девојка, која ништо ни јадеше, ни пиеше и која беше во бессознание, просто речено на умирање, по причестувањето со Светите Тајни уште истиот ден почна да се опоравува; почна да јаде, да пие и да зборува. Слава на Твоите Животворни и страшни Тајни, Господи!


Учесници на Божествените Тајни, познајте колку многу Му се приближувате на Господа, ако достојно се причестувате! Каква слобода пред Господа и пред Богородица добивате! Каква чистота, каква кроткост, смирение и незлобнвост тогаш имате! Колку непристрасни кон земното станувате! Каква ревносна желба за небесните, најчисти и вечни наслади!


За време на земниот живот, луѓето бараат се друго, освен Христа Дарителот на животот. Затоа немаат духовен живот и им се предадени на страстите, односно на: неверието, маловерието, користољубивоста, зависта, омразата, честољубивоста, задоволството од јадење и пиење... Дури кон крајот на животот, само тогаш го бараат Христа во Причеста, и тоа поради очигледната потреба, но и поради обичајот, бидејќи и другите така прават.

О, Христе Боже, Воскресение и Животу наш! Колку суетни и ослепени сме станале! А, како ли ќе ни беше ако те баравме и ако те имавме во срцата наши? Не може со зборови да се искаже блаженството, кое го имаат оние кои те имаат Тебе во своите срца. За нив Ти си здрава храна и непресушен извор за вода; светла облека, сонце, „мир Божји, што надвишува секој ум “ (Фил. 4, 7) и неопислива веселба си Ти! Со Тебе се што е земно е прав и гнилеж.



Свети Јован Кронштадски

 

Избор од фб профил на

Православен Источник

Мај 201 лето Господоворавославен Источник