✤✣✤

TViTer32

Философија за животот

✤✣✤
Во човекот се одигрува најинтересниот и најдраматичниот натпревар помеѓу невидливото и видливото.
Тука невидливото се прегрнало со видливото во страстна прегратка, прегратка што нема крај ниту во овој ниту во оној свет.
Погледнете, човекот си го жртвува своето видливо тело за одредени убедувања на својата совест. А гледај, совеста е нешто невидливо. Ако не е така, покажете ми ја за со очи да ја видам.

– Човек оди во смрт за одредена мисла, за одредена идеја. А гледај, мислата е нешто невидливо, идејата е нешто невидливо. Ако не е така, покажете ми ги за со очи да ги видам.

– Мајка со своето видливо тело го брани своето дете кога тоа е во опасност, и го жртвува своето видливо тело. Поради што? Поради љубовта. А гледај, љубовта е нешто невидливо. Ако не е така, нека мајката ми ја покаже нивната љубов за со очите да ја видам.

 – Што е тоа мисла, што е тоа чувство, што е тоа совест, покажете ми ги за со очи да ги видам во нивната независност и вештествена, очигледна стварност! Но вие не можете да ми ги покажете, бидејќи сето тоа според својата природа е невидливо.
   

Значи: тоа што е најглавно во човекот е невидливо.
И уште: всушност, човекот живее со она што е невидливо во него. Кога тоа невидливо ќе го напушти човекот, тогаш телото умира. Да не е така, и мртовецот би можел да ги врши животните функции, барем додека е на мртовечката маса, бидејќи ги има истите сетила, истите физички состојки како и еден жив човек.
Само едно нема: нема душа во телото, душа што го држи телото во живот, душа што гледа со очи, што слуша со уши, преку сетилата дејствува, преку мислата умува. Таа невидлива душа е извор на сето видливо човеково живеење.


Свети Јустин Ќелијски

 ✤✣✤