✜✣✜

 „Помоли се за мене; многу страдам!“ – Духовно израснуваат и умираат за светот само оние, кои страдаат и трпат. – О, возљубен брате мој, Господ претрпел крсни маки, па зар ти не треба да им се радуваш на маките, на страдањата и на претрпувањата кои нѐ воведуваат во царството небесно?

Тоа што страдаш е добар знак за тебе. Зар не знаеш дека страдањата и искушенијата се умножуваат тогаш кога Господ му ја приготвува на некого својата милост? И воопшто не го посакувај спокојот, ако не ти го испраќа Господ, зашто телесниот спокој е одвратен пред Господа. Самиот Господ реколː „Во светот ќе имате маки“ (Јован 16, 33)

Светите преподобни оци Варсануфиј и Јован