Hristos.prekrasno2

     "Христос никогаш не направил ниедна забелешка на телото на еден човек. Он не му рекол на Закхеј: "Колку си малечок!" Ниту на Јуда: "Уф, колку си грд!" Ниту на раслабениот: "Колку си раслабен!" Ниту на лепрозниот: "Колку смрдиш!"
Он непрекинато општел со стварноста во луѓето, т.е. со душите. Тоа душа на души им говорела, и шупливите души ги лечела и подигнувала.
                   Да говориш за телата на присутните луѓе Христос го сметал безмалку исто така непристојно, како што сериозните луѓе го сметаат за непристојно да се говори за оделото еден на друг.
Затоа, кога човек ти говори, не мисли на неговото тело, не го испитувај неговото тело, туку гледај во неговата душа, соживи се во неговата душа и тогаш ќе го разбереш.
                    И кога говориш со човек, не мисли на своето тело и не мисли на неговото тело, туку мисли за својата душа и неговата, повторувајќи во себе: "Ова душа на душа ѝ говори, и душа со душа општи".
                    И тогаш ќе го почувствуваш присуството на Бога меѓу вас двајцата. И ќе бидеш разумлив и ќе разбереш".


Св. Николај Охридски и Жички

 

Климент Арнаудов фб

27ми јули 2023