TviTER15           Не труди се да побараш совети од човек, кој не живее на еднаков начин со тебе, макар тој бил и многу мудар. Доверувај му ги твоите мисли подобро на неучен човек, но кој од опит ги знае работите, отколку филозоф, кој размислува врз основа на своите испитувања, без да го испитал вистинскиот живот на дело.
               Да се добие искуство значи - без човек да пријде кон некакви работи и да ги набљудува, без да примил во себеси знаење за нив, но кој, по долго работење со нив, од опит ја почувствувал користа и штетата од нив.
Честопати некоја работа надворешено се чини штетна, но внатре во себеси таа cе покажува полна со корист. И обратно, често некоја работа се чини корисна, но внатре е полна со штета.
               Затоа користи таков соговорник, кој испитал самиот сѐ, кој умее трпеливо да размислува, кој сака да размисли и за твојата работа, и кој може точно да ти укаже на тоа што е корисно за тебе.
               Кога на твојот пат наоѓаш непроменлив мир плаши се, зашто се наоѓаш далеку од вистинската патека, која е изгазена од изморените стапала на светиите.


Свети Исак Сирски

2024