BOGORODICA.AKATIST
   ·
            Јас знам од светите оци, а најмногу од мојот праведен старец, дека ѓаволот никогаш не спие и не престанува да се труди за да ги погуби нашите души, туку секогаш е буден и готов да посее лоши семиња во нашата душа, во душите на оние што спијат (Матеј 13, 25).

И вие, чеда мои, бидете секогаш будни и трезвени, за да не падне некој од вас во искушение, за да не биде уловен во мрежите не ѓаволот. Многу сакам да слушам за преуспевањето на секого од вас, се утешувам со послушноста на еден, со смирението - на друг, со трудољубието - на трет.

Душата моја го мрази непослушниот син, оној што мрмори и се гордее, мрзливиот и неподвижниот, брборливиот и озборувачот. - Но, кој сум јас што ви го говорам ова? - Јас сум вашиот пастир, макар и недостоен, а вие сте мои духовни овци, за кои јас ќе давам одговор пред Господа, Кој ве довери на мене.


Светиот преподобен Теодор Студит

(ДОБРОТОЉУБИЕ)

 

фб Православен Источник

2026