
КОЈА Е НАЈСИЛНАТА МОЛИТВА, КОЈА ГО СОЕДИНУВА ЧОВЕКОТ СО БОГА?
Постојат повеќе видови на молитва: преку јазикот, умот и срцето. Највозвишената молитва е молитвата од срцето, односно со учество на срцето преку понизност, смиреност и солзи. Да не се потпираме многу на читаната молитва, односно на усната молитва, преку јазикот. Таа е најслабата молитва, бидејки не учествуваат умот и срцето.
Умствената молитва е повозвишена од усната молитва, бидејки во неа учествуваат и мислите, односно вниманието на умот. Оној што се моли со умствено внимание на се' што изрекува, таквиот се моли со умот, но и оваа молитва не е совршена. Светите отци велат дека умствената молитва е молитва со една нога, односно половина молитва, бидејки останува во главата, и во неа не учествува и срцето.
Но кога во молитвата ќе се соедини умот со срцето, односно умствените мисли преку дар од Господа, слегуваат во срцето, тогаш се остварува зачетокот на духовната молитва, односно ја достигнуваме највозвишената молитва, наречена молитва на срцето. Знаците, пак, кои покажуваат дека сме го достигнале ова возвишено дејство се:
СИЛНА ТОПЛИНА ВО ПРЕДЕЛОТ НА СРЦЕТО, ПОСТОЈАН КОПНЕЖ И РЕВНОСТ ЗА БОГА, НЕИСКАЖЛИВА ЉУБОВ КОН ЛУЃЕТО И КОН СЕВКУПНОТО СОЗДАНИЕ, НЕИСКАЖЛИВА ДУХОВНА РАДОСТ, ПЛАЧ ШТО ДОНЕСУВА РАДОСТ И ДЛАБОЧИНСКИ ИЗВОР НА СОЛЗИ, СМИРЕНИЕ И НЕМАЊЕ СТРАВ ОД СМРТТА.
ГОЛЕМ Е БОГ
Старец Клеопа
2026