(Избор)


Svetlina.lit1.jpgЗа да може човек да ја прими и да ја види во своето срце Христовата светлина, неопходно е, колко што е можно, од себе да ги оддалечи видливите предмети. Очистувајќи ја претходно душата со покајание и со добри дела и со вера во Распнатиот, затворајќи ги телесните очи, потребно е да се вдлабочи умот внатре во срцето, повикувајќи непрестајно и призивајќи го името на нашиот Господ Исус Христос. Тогаш според мерата на усрдноста и топлината на духот спрема Љубениот ќе најде сладост во повикуваното Име, кое побудува желба за барање на уште поголемо просветлување. Во умот кој на таков начин постојано пребива во срцето проблеснува светлината Христова, осветлувајќи ја внатрешноста на душата со својот Божествен сјај, како што говори пророкот Малахиј: `А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата` (Мал. 4,2). Оваа светлина воедно е и живот според евангелските зборови: `Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето`(Јн 1,4). Умот на човекот кој одвнатре ја созерцува вечната светлина е чист и во себе нема никакви сетилни представи. Тој целиот бидејќи задлабочен во созерцувањето на несоздадената благодат, заборава на се сетилно, така што не сака да гледа ниту на самиот себе. Тој сака да се скрие во срцето на земјата, само да не се лиши од вистинското добро – Бога.“ (свети Серафим Саровски)

 


Ако на телото му дојде духовната радост од умот, таа не бива намалена поради оваа врска со телото, туку го преобразува телото и го прави духовно. Тогаш тоа ги отфрла сите лоши страсни телесни желби и повеќе не ја влече душата надолу, туку заедно со неа се издигнува. Така целиот човек станува дух, како што е напишано: Оној што е роден од Духот, дух е. (свети Григориј Палама)

 

Човекот којшто вистински Го сака Господа и навистина го бара идното Царство, човекот кој страда заради своите гревови и кој навистина се исполнил со мисли за маките и за вечниот суд, човекот кој сериозно стравува при помислата на својата смрт - повеќе не е во состојба да води сметка за имотот, за парите и славата на овој свет, за родителите, за пријателите, за браќата ниту за што и да е земно. Престанувајќи сосем да се грижи за тоа, замразувајќи ја секоја помисла на тоа, па дури и своето сопствено тело, слободен од сето тоа, безгрижен, тој одважно врви по Христа и постојано гледа во небото, очекувајќи оттаму помош, според зборовите на Светиот: Кон Тебе се приближи душата моја (Пс. 62, 9), како што рече и еден друг незаборавен: а јас не се уморив да Те следам, и не посакав ден ниту одмор човечки, Господи (Ерем. 17, 16).“ (свети Јован Лествичник)

 

Според природата, молитвата е сопостоење и единство на човекот со Бог. Според дејството, таа е одржување на вселената, помирување со Бог, мајка на солзите и нивна ќерка истовремено, смилостивување за гревовите, мост со којшто се преминуваат искушенијата, панцир кој штити од секоја мака, разбивање на демонските напади, служба на ангелите, храна на сите бестелесни, идно радување, бесконечен подвиг, извор на добродетели, причинител на благодатните дарови, невидливо напредување, храна за душата, просветлување на умот, секира за очајанието, потврда на надежта, ослободување од тагата, богатство на монахот, ризница на тихувателот, смалување на гневот, огледало на духовниот напредок, показател на духовната мера, откривач на духовната состојба, претскажувач на идните добра, предзнак на вечната слава. За оној којшто вистински се моли молитвата е суд Господов, судење пред престолот Негов пред Страшниот Суд.“ (свети Јован Лествичник).