sv.JOVAN.SHANGAJSKI   

Браќа, вразумувајте ги распуштените, тешете ги малодушните, поддржувајте ги слабите, бидете долготрпеливи кон сите. Внимавајте на некој да не му возвратите зло за зло, туку секогаш  барајте добра и еден на друг и во се”… Така во последната глава од своето послание до Солуњаните говори апостол Павле. Овие зборови се јасни, прости, кратки, но – колку во нив има светлина, колку добро и вистина…

          Тешко живееме ние, луѓето, од нашето човечко зло, и од неговите последици. Човекот страда, пред сe, од злото кое живее во него самиот, а потоа од злото кое живее во другите луѓе. Злото како снежна грутка се зголемува ако не му се спротивстави доброто, ако злото не се топи со зраци на добрина и милосрдие. И во другите луѓе, и во себеси, ние го победуваме ладното, темното зло само со сјајното, загрејно Христово добро. Тоа Христово добро некогаш може да биде гневно, светото да негодува разобличувајќи го злото – тоа понекогаш и мора да биде огнено, но тоа никогаш нема да нанесе зло под маската на доброто. Таква е особината на духовната состојба за која говори апостолот. Ние мораме, пред се, да се грижиме за својата душа и да ја чуваме во мирен дух; а ако тоа сме го постигнале,ќе и  помогнеме и на душата на друг човек, да пребива во добро.

За да излечиме друга човечка душа, ние мора да знаеме, според својата душа, какво е дејството на лековитото средство кое го предлагаме. Лекот на Христовата вистина, на Христовото добро е испитан низ вековите, во двата милениуми, испитан е на сите карактери и кај сите народи во светот. Тој прекрасен лек има необична сила, ако се прими “одвнатре”, ако се внесе во своето срце и во својот ум… Еве една драгоцена капка од тој лек: “Браќа, вразумувајте ги распуштените, тешете ги малодушните, поддржувајте ги слабите, бидете долготрпеливи кон сите. Внимавајте на никој да не му возвраќате на злото со зло, туку секогаш барајте добро и еден на друг и во сe.

          Некои, сакајќи да го оправдаат злото кое во нив се таи, се повикуваат на својот карактер. Меѓутоа, карактерот се формира и создава од слободните човечки реакции на светот кој го опкружува. Оној кој прави добро на другите луѓе добива прекрасен карактер; тоа и е најголема награда, уште на овој свет. А во идниот свет тој ќе биде еден дух со Самиот Бог и со целото соѕвездие битија во Бога спасената твар. Оној, пак, кој прави зло и кој на зло ги поттикнува другите, ќе стекне ужасен карактер и ќе постане бич и несреќа за својата околина, за своето семејство, за својот народ… “секој почеток е тежок”, се говори во посланието. Треба само да се се почне со обидите да се оправдуваат во себе појавите и испадите на зло, и изопачувањето на душата ќе почне само од себе и нејзината погибелност неодложно ќе проследи.

          Моралниот карактер на возрасниот човек – тоа е она што човекот го направил и го прави сам со себеси. Душата – тоа е земја. Човекот е земјоработник на својата душа. Ако во душевната земја се сее зборот Божји, зборот на Вистината и Правдата и љубовта Христова, плод е сладок, радосен – како за самиот човек, така и за оние кои го опкружуваат. Ако, пак, човекот во својата душа го сее коровот на злото, оттаму ќе израсне валкана, отровна трева во духот, која ќе го мачи и него и другите луѓе.

         Душата можеме уште да ја замислиме и како глина, а човекот – како вајар. Вајарот од глина ваја човечки лик. Така и човекот од своите душевни особини и способности ваја – или лик човечки, или ѕверски. 

         Правејќи било какво зло, човекот не само што внесува во своето срце смртоносен отров, туку со тој отров ги прска и другите луѓе, некогаш и најближните… Сепак, во присуство на не-блиски луќе човекот обично одбива да ја покаже својата нечиста страна; грижејќи се за мислењето на другите за него, тој сака за него секогаш да мислат добро. Но, затоа во домачна атмосфера тој го покажува својот вистински лик и ги измачува своите блиски… Скриено или јавно – злото секогаш останува зло, и човекот мора, и тоа што поскоро, да се избави. Како? Пред се, преку спознавање на виШата смисла на својот земен живот, неговата величествена бесмртност во Бога и неговата краткост овде, на земјата; преку познанието на Евангелието и Исус Христос; преку обраќањето кон Неговата вистина и Правда. Христос им го открива сегашното и вечното спасение на луѓето… и, со Својата благодат, ги воведува во тоа спасение. “Јас сум Светлината на светот, - говори Тој. – Кој Ме следи Мене, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот” (Јн. 8:12). Ако одиме во таа светлина, Ќе станеме синови на светлината; темното зло ќе ја изгуби својата власт над нас, и ние ќе преминеме од власта на темнината во Царството на љубениот Син Божји” (Кол. 1:13) Исус Христос. И ќе бидеме светилници кои ја осветлуваат ноќта на страдањето и во животот на другите луѓе. ќе бидеме во Христос, Ќе бидеме утеха за тажните, ќе бидеме исцеление за оние кои ги ранило злото на светот.

 Подготви: Михаила Поповска

Друго:

Св. Ефрем Сирин - Нашето живеење е на Небесата