vozdvizenie.jpg


Чедо мое, знај дека  во  последните денови  ќе  настанат   тешки  времиња според зборовите на Апостолот. Та поради недостаток на побожност и во црквите ќе се појават  ерси и расколи  па како што предвидуваа Светите Отци  на  архиерејските  престоли  и  во  манастирите ќе нема  луѓе-опитни и  искусни  во духовниот живот...Поради тоа ќе се  шират  ерсите  насекаде и ќе опрелестат( измамат) мнозина.. Непријателот  на  родот човечки ќе делува  лукаво па на тој начин ако е можно  да ги наведе  на ерес и  одбраните.Тој нема   да отпочне грубо да ги отфрла догмите за Света Троица, за Божественоста на Исус  Христос, за Богородица, туку неприметно ќе почне да ги  изобличува преданијата на Светите отци за Светиот Дух-учењето на самата црква. Снаодливоста  и типиците на непријателот  ќе  го  приметат  малкумина, само  искусните  во духовниот живот. Еретиците ќе завладеат  насекаде по црквите, ќе  постават  свои  слуги  и  побожноста  ке биде  занемарена. Ама  Господ нема  да  ги  остави   чедата  свои  без   заштита  и  во  незнаење. Он  рече: „Ќе ги  познаете  по плодовите  нивни” и  тоа по плодовите  нивни-то ест по делувањето на еретиците-настојувајте да ги разликувате од вистинските  пастири. Тие  духовни крадци  кои го разграбуваат   духовното  стадо” не влегуваат  на вратата во трлото свое, туку  влегуваат  од  други места, како што рекол  Господ  „ќе  влезат  на  незаконски  наќин, уништувајки  ги со  насилие  Божјите закони. Господ  ги нарекнува  разбојници. Навистина  нивното  прво задолзение  ќе биде  изгонување  на  вистинските  пастири, нивно  затворање, за да можат  полесно  и стадото  да го  разграбат. Затоа  сине  мој  кога  во  црква  ке видиш шегачење  на Божествениот  чин, на Преданијата на светите отци и  на поредокот установен од  Бога, знај дека  еретиците  веќе  се  појавиле, само  што  до  одредено  време  ќе  го  прикриваат  своето  зловерие, или  неприметно  ке  ја  унаказуваат  Божествената  вера за  полесно  измамување  и  заведување на  неискусните. Ќе  ги   прогонуваат  не само  пастирите  него  и  слугите Божји, затоа што   ѓјаволот  кој  раководи  со  еретиците- не поднесува  благочестивост. Како  волци  во  овчија  кожа, препознај  ги  по  нивната  горделива  природа, сластољубие, властољубие..тоа ќе бидат  клеветници, издајници,  кои насекаде   сеат само омраза  и злоба.. Затоа  и Господ  вели, по плодовите  нивни  да ги препознаваме. Вистинските  слуги  Божји  се смирени , братољубиви и на  црквата послушни. Голем  притисок од  еретиците ќе  трпат монасите и  монашкиот  живот  ќе  биде  излозен  на ругло..Ке  осиромашат  монашките  семејства, ќе се смали  бројот на  монасите а тие  што  ќе  останат  ке  трпат  насилства.

Овие  мрзители на монаштвото , а кои   само  побожно изгледаат – ќе настојуваат  да ги привлечат монасите  на своја страна  ветувајки  им  заштита  и световни  добра, или претејќи  им  со   прогонувања  на  оние  кои  ќе им  се противат. Од  овие претења, малодушните  ќе бидат  многу  понижени.. Ако  го  доживеес  тоа  време сине мој, радувај  се  затоа што  во  тоа  време  верниците  кои  немале  други  добри особини—ќе  се  стекнат  со  венци  само  за  останување во  верата, по  зборовите Господови: „ Секој  што  ќе ме признае  пред  луѓето, ќе го  признам  и ја пред Отецот мој Небесен”...
Плаши   се  од  Господа сине мој, за  да не  го  изгубиш  припремениот венец, да  не  бидеш  отфрлен  од Христа  во  последната  темнина  и мака  вечна. Храбро  стој  во  верата и  ако  е  неопходно  со  радост  трпи прогони и  други  неволји , бидејќи   со тебе ќе биде Господ и  Светите  маченици  и исповедници  со  радост ќе  го гледаат  твојот  подвиг.  Ама  тешко во деновите  на  монасите  кои  се  врзале  за имоти  и  богатства, кои поради  својот комфорт  ќе  бидат  спремни  да се  потчинат  на  еретиците. Тие  ќе ја  успиваат  својата  совест  велејки : Ќе  го  сочуваме  и спасиме  манастирот  и Господ  ќе  ни  прости.. А не ма  ни  да  помислат дека  преку  еретиците  во  манастирите  ќе  влезе  демонот   и тоа веќе нема да биде  свето  место  него  голи  зидини  од  кои  за навек  ќе  одстапи Благодатта...
Ама  Бог е  појак  од  ѓаволот и нема да ги  остави  слугите  свои, и  прави Христијани ќе  има  до  крајот на  светот, само што  тие  ќе  ги  бираат  пустите и  осамени  места.. Не  плаши  се  од  неволји, туку  плаши  се  од   погубниот  ерес затоа  што  ересот ја  изгонува  благодатта  и  одвојува од Христос. Затоа  Христос и  заповеда  еретиците да ги сметаме како  цариниците  и  незнабошците...
 И така  крепи  се  сине  мој во  благодатта  Христова, со  радост  итај  во подвиг  на  исповедниството и трпи  страдања  како  добар  војник Исусов (2.Тим.11,1-3),,Кој  кажа: „Биди  верен  до  смрта и  ќе   ти  дадам  венец  на  живот ( Откр.2,10)..Слава , чест и  сила на Него и на Отецот  и  на Светиот Дух  , за век  и  векови..АМИН     
                                                              

Подготви: А.Л.