takovski.jovan2.jpg

Одговара: Отец Јован Таковски

Фета

Прашање: Кои се причините што доведоа сатаната да биде отфрлен од Божјата милост?

Дали тоа се случило во времето на Адам, и дали Адам бил сведок на тој настан?

 

Одговор: Причина за падот на сатаната (сатан = противник) и на дел од духовниот, односно ангелскиот свет е горделивоста, однсоно злоупотребата на слободната волја и нивната желба да бидат поголеми од тоа што се, да го заземат местото на Бога - нивниот Создател, заборавајќи дека се создание со можност да се усовршува. Горделивоста е почеток и на секој грев, вели мудриот Сирах (10, 15).

            Библлијата не го прецизира времето на падот, но е сигурно дека тој се случил пред падот на прародителите Адам и Ева, бидејќи ѓаволот ги искушува во рајот, преку змијата.