Оваа е икона на Мајката Божја (Знамение) која од морето ја донесоа 12 делфини на брегот на Сочи.

Обратете внимание на бројот на делфините, оти не биле два, не пет, туку 12 колку што беше бројот на учениците на нашиот Господ Исус Христос.

Делфините допливаа до брегот туркајќи нешто пред себе и тоа "нешто" го оставија на брегот и отпловија назад во морето.

Никој од луѓето на брегот не пројави интерес за да види што оставија делфините на брегот освен една жена. Она што таа го виде беше старо парче дрво на кое имаше тиња, па откако со раката ја тргна тињата сфати дека станува збор за икона.

- Што има таму? - ја прашал нејзиниот маж без особен интерес оти во рацете не жената не видел ништо особено.
- Погледни, ова е икона на Мајката Божја...
Брачниот пар ја однел иконата во Москва и со нетрпение сакале да му го раскажат чудото на патријархот. Патријархот ја примил иконата со радост и ја сместил во олтарот каде и ден денеска стои во Патријаршијата.
Но, суштината на ова чудо не е во она каде таа сега се наоѓа туку во тоа дека преку делфините Бог на народот му ја подари сликата на Мајката Божја.

Извор: ФБ страна на Николај Филотеев