3.angeli.so.truba

По повод јубилејот 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир, во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите, на 8 октомври (четврток) 2020 година, во 12 часот, ќе се отвори изложбата „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир“. На свеченото отворање на изложбата ќе се обратат акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, и г. г. Стефан, Архиепископ Охридски и македонски и на Јустинијана Прва.

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од депоата на музејските институции. Автор на изложбата и на каталогот е д-р Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ.