Oтворањето на изложбата „Допирот“, изложба која ја подготвував во соработка со мојата матична куќа Националната галерија на Република Северна Македонија, а во партнерство со Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Обединетото Кралство Велика Британија. На изложбата учествуваат исклучителни уметнички имиња од британската визуелна сцена која ја третира проблематиката на движечки слики (Бен Риверс, Уриел Орлоу, Шарлот Проџер, Луис Хендерсон и Бедвир Вилијамс) како и нашите еминентни современи уметници – Елпида Хаџи-Василева, Велимир Жерновски и Кристина Пулејкова. Дискурсот за екологијата и заштита на животната средина е во фокусот на уметничките истражувања.

Изложбата се отвора на 15 септември, среда, 20.00 часот, објект Мала станица.

Изложбата ќе биде отворена до 15 октомври.

Вашето присуство и поддршка ќе ни значи многу.

Протоколите за влез и присуство на јавни настани, заради заштита од вирусот Ковид 19, важат и за посета на нашата институција.




Со искрена Почит,

Ана Франговска, куратор на проектот

Виш кустос во Националната галерија


/cp/ps/Mail/Downloader?uid=33109&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=79872&pct=d4618&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=0&attachmentID=ii_ktflworh1
--
Ana Frangovska, curator
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
tel.: +38970574930