Повардарскиот митрополит г. Агатангел, заедно со останатите членови на Синодот на МПЦ-ОА, утре ќе ја реосветат црквата Свети Димитрија, единствената црква во Кавадарци, чија реконструкција заврши по пет години реновирање.

Станува збор за голем настан за Кавадарци. Црквата која е градена како мала црква во 1830 година, по многуте молби и подароци што Диме Велков, трговско семејство од Кавадарци, тогаш усеал од валијата во Солун да обезбеди ферман за изградбата, сега има сосема нов лик.

Нов фрескоживопис со старовизантиско сликасртво. Го изработила тајфата на Свети Наум од Охрид, со нов иконостас со нови икони.

Сменента е кровната конструкција. Столбовите од дрва исто така заменети.

Реконструкцијата е овозможена со средства на епархијата и на донатори од Кавадарци.

 

http://religija.mk/utre-golem-nastan-vo-kavadarci-reosvetuvanje-na-crkvata-sveti-dimitrija/