3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во рамките на одбележувањето на 2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите на 20.12.2021 година со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Свечен собир во чест на Блаже Конески.

Свечениот собир е составен од два дела, а во првиот дел ќе се обратат: д-р Стево Пендаровски, претседател на РС Македонија; акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ; проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ; акад. Катица Ќулавкова, секретар на ОЛЛН – МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески.“ Со омаж за Конески ќе се претстават акад. Зузана Тополињска и акад. Влада Урошевиќ.

Во вториот дел на Свечениот собир ќе биде претставено уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст на  критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ. Се работи за 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески, а соодветните томови ќе ги претстават професорите: Венко Андоновски, Наташа Аврамовска,  Иван Џепароски, Анастасија Ѓурчинова, Красимира Илиевска, Марјан Марковиќ, Веселинка Лаброска, Људмил Спасов, Лилјана Макаријоска и Станислава-Сташа Тофоска.

На Свечениот собир ќе биде промовирана и веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“ којашто ја подготви Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.

Пристапот до страницата е преку следниов линк: http://koneski.manu.edu.mk/

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Свечениот собир ќе биде пренесуван преку платформата ZOOM на следниов линк:
Topic: МАНУ - Свечен собир по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески
Time: Dec 20, 2021 11:00 AM Sarajevo, Skopje, Zagreb
Join Zoom Meeting
https://us02web.zoom.us/j/87117274407?pwd=YjZjSlRlNWdtZCtWODkzQzVPOHNpZz09
Meeting ID: 871 1727 4407
Passcode: 862158

Во прилог Ви ја испраќаме програмата.


Со почит,

МАНУ

 

2021 – Година во чест на Блаже Конески
по повод 100-годишнината од раѓањето
Година во чест на
Блаже Конески
БЛАЖЕ КОНЕСКИ
2021
по повод 100-годишнината од раѓањето на
СВЕЧЕН СОБИР на МАНУ
Свечена сала на МАНУ, Скопје, 20 декември 2021, 11:00 ч.
МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ - МАНУ
илустрација:
Ване Костуранов
11:00 Пригодни говори:
д-р Стево Пендаровски
претседател на РС Македонија
акад. Љупчо Коцарев
претседател на МАНУ
проф. д-р Никола Јанкуловски
ректор на УКИМ
акад. Катица Ќулавкова
секретар на ОЛЛН – МАНУ
и раководител на проектот „Критичко издание
на целокупните дела на Блаже Конески“
Омаж за Блаже Конески:
акад. Зузана Тополињска
акад. Влада Урошевиќ
ПРОГРАМА
НА СВЕЧЕНИОТ СОБИР
20.12.2021, Свечена сала на МАНУ,
со пренос на платформата ZOOM
12:00 Уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст
на критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ
Модератори: акад. Катица Ќулавкова и доп. член Марјан Марковиќ
Том 1, 2 и 3: Поезијата и препевите на Блаже Конески
Промотор: проф. д-р Венко Андоновски
Том 4: Прозниот опус на Блаже Конески
Промотор: проф. д-р Наташа Аврамовска
Том 5: Есеистичкиот опус на Блаже Конески
Промотор: Проф. д-р Иван Џепароски
Том 6: Македонскиот XIX век
Промотор: проф. д-р Анастасија Ѓурчинова
Том 7: Кирилометодиевската традиција од IX до XIX век
Промотор: проф. д-р Красимира Илиевска
Том 8: Дијалектолошки, балканистички и ономастички прилози
Промотор: проф. д-р Марјан Марковиќ
Том 9: Историја на македонскиот јазик
Промотор: проф. д-р Веселинка Лаброска
Историска фонологија на македонскиот јазик
Промотор: проф. д-р Људмил Спасов
Том 10: Прилози за историјата на македонскиот јазик
Промотор: проф. д-р Лилјана Макаријоска
Том 11: Граматика на македонскиот литературен јазик
Том 12: Прилози за современиот македонски јазик
Промотори: проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска и проф. д-р
Елена Петроска
Дигиталните изданија на делата на Блаже Конески:
http://koneski.manu.edu.mk/
Промотор: м-р Давор Јанкулоски
Презентација на Дигиталната ризница на МАНУ
д-р Николче Мицкоски