Филмскиот фонд на РМ во соработка со фестивалот на европски филм CINEDAYS, кој ќе се одржи во период од 15 до 25 ноември 2012 год, Ве поканува да бидете дел  на предавањата и работилниците кои се организираат во рамките на фестивалот.

Во прилог следат информации за работилниците и предавањата во скратена форма, додека подетални информации за истите, може да најдете на официјалната веб страна на фестивалот: www.cinedays.com.mk.

 

Датум: 17.11, 12 часот, Кинотека на Република Македонија
Предавање на Даниеле Гаљаноне (режисер на филмовите „Пјетро“ и „’Рѓа“)   и Анџелика Кантисани (претставник на Torino Film Commission Piemonte)

ТЕМА: РЕТРОСПЕКТИВА НА РАЗВОЈОТ НА ФИЛМСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ИТАЛИЈА И ЗАПАДНА ЕВРОПА”

Преглед на следните поттеми: Предности и недостатоци на западноевропската филмска продукција; Куса паралела и искуства со централно и источноевропската филмска продукција; Финансирање и можности за соработка.

 

Датум: 18.11, 12 часот, Кинотека на Република Македонија
Предавање на Џанлука и Масимилијано де Серио (режисери на филмот „ Седумте милосрдни дела“ “)   и Микеле Форнасеро (сценарист и продуцент на филмот „Ехо“)

ТЕМА: “ВЛЕЗ НА ФИЛМСКИОТ ПАЗАР КАКО НОВИ НАДЕЖНИ РЕЖИСЕРИИПРОДУЦЕНТСКИ КУЌИ ВО 21 ВЕК”

Преглед на следните поттеми:Предизвици и пречки за новите автори; Предностите на проширен и развиен пазар, од технички и од социјален аспект на развој; Заклучоци и препораки.

 

Датум: 18.11, горно фоаје на кино Фросина (МКЦ)
Предавање на Шарон Бар Жив (режисер на филмот “Соба 514”)

ТЕМА: „ МАЛ БУЏЕТ, ГОЛЕМО ПЛАТНО- СТУДИЈА НА „СОБА 514“ ОД ШАРОН БАР-ЗИВ”

Откријте како социјалните и технолошките промени влијаат врз филмот и какви можности носат овие промени. Напливот од новитети нуди најразлични можности, но за поголемиот дел филмаџии и понатаму останува едно ограничување – изнаоѓање средства за финансирање на потфатот.  На работилницата „Мал буџет, големо платно“ Шарон Бар-Зив ќе говори за тоа како во време на намалени буџети за филм, микро-буџетната филмска продукција може да биде одговор и можен начин една приказна да се пренесе на големото платно.

 

Датум: 23.11, 16 часот, кино Фросина (МКЦ)
Работилница на Д- р Ричард Грејсон, истражувач, писател и професот на факултетот во Оксфорд

Тема: “ХОЛИВУДСКАТА КУЛТУРНА МАШИНА: ПРОИЗВОДСТВО И ИЗВОЗ НА АМЕРИКАНСКИОТ СОН.”

Холивуд прерасна во најуспешната фабрика за популарна митологија од времето на старите грци. – Алистер Кук. „По две години во Вашингтон, често чезнеам по реализмот и искреноста на Холивуд“. – Фред Томпсон, американски политичар и актер. Затоа ќе зборувам на темата „Холивудската фабрика за култура: производство и извоз на американскиот сон.

 

Со почит
Филмски фонд на РМ

 

--
Филмски Фонд на РМ
ул. 8 Март бр. 4

Macedonian Film Fund
8 Mart No.4

tel:+389 2 3224 100
fax:+389 2 3224 111