ЗА ВАСИЛИЧАРСКИОТ КОНЦЕРТ ВО МОБ, НА 12 ЈАНУАРИ

Оперски и поп-пејачи ќе пеат филмски песни

"Филмски ноти" е насловен традиционалниот оперски концерт по повод празникот Василица, закажан на 12 јануари, во 20 часот, во Македонската опера и балет.
Ќе диригира Саша Николовски-Ѓумар.

Ќе бидат изведени познати песни од популарни филмови, како: "Кум", "Коса", "Џејмс Бонд", "Дух", "Девојки од соништата", "Маската на Зоро", "Телохранител".
Ќе настапат оперски солисти, естрадни ѕвезди, Хорот и Оркестарот на МОБ: Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Владимир Саздовски, Наде Талевска, Олгица Милевска, Олгица Христовска, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Влатко Лозаноски-Лозано, Горан Наумовски, Ѓоко Танески, Верица Пандиловска, Андријана Јаневска, Елена Петреска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Мицковска, Дејан Бобиќ-Дексо, Александра Јанева.