Во МАНУ, денеска (12 часот), ќе биде промовирано научно-факсимилно издание "Илустриран летопис на 16 век". Се работи за уникатен книжевен споменик - нема слични изданија во светот, ниту по големината ниту по широчината на историските собитија. На 10.000 листови, со повеќе од 17.000 минијатури во боја е претставена библиска, светска и руска летописна историја. Значајно место зазема и историјата на словенските народи на Балканот.
Летописот е во издание на руската компанија "Актеон" со заедничко учество на Државниот руски историски музеј, библиотеката на Академијата на науки на Руската Федерација и Руската национална библиотека.