„Метрополис арената“ во Скопје вечерва ќе биде сцената на која ќе се претстави Хорот и танчерите на Црвената армија, трупа која има светска слава и е позната по изведбата на песни со воени, историски, патриотски, фолклорни, класични и популарни теми. Оваа група досега има одржано илјадници концерти низ Русија и во држави низ целиот свет. Влезниците можат да се набават на касата на Скопскиот саем по цена од 700 и 900 денари, а организатор на овој концерт е „ВИТТ Продукција“.