Високи достигнувања од ниската земја е мотото на Фестивалот на холандски филмови, кој ќе се одржи од денеска до 26 јули на отворено во Охрид.
Локацијата, каде што публиката ќе може да погледне десетина филма од холандски автори, е дворното место пред дирекцијата на Охридско лето.
Фестивалот се отвора со романтичната драма „Полска невеста“, а денеска ќе биде прикажан и краткометражниот „Нотес“.
Програмата на првиот ден од фестивалот завршува со музички дел, во кој ќе настапат македонски и холандски музичари, со почеток во 23 часот во клубот „Дак“.
Сите филмови што се на програмата, биле дел од познатите филмски фестивали, како Кан, Берлин, Локарно, Венеција и Ротердам.
Почетокот на сите проекции е бесплатен. Организацијата е на „Паблик рум“, а поддржана од Охридско лето, центарот за култура „Глигор Прличев“, Министерството за култура, „Холанд филм“ и од „Културал еид“.
Извор: Шпиц