Кинематограферот на Гол ручек во Битола

Добитникот на Златна камера 300 за исклучителен придонес во светската кинематографија е познат по работата со Дејвид Кроненбер: "Судир", "Мадам Батерфлај"..., а ги снимал и "Војна на ѕвездите - Империјата го возвраќа ударот", Тим Бартоновиот "Марс напаѓа!"...


Годинашниот добитник на наградата за животно дело "Златна Камера 300" за исклучителен придонес во светската кинематографија е водечкиот светски кинематографер Питер Сушицки.

Овој лауреат на фестивалот "Браќа Манаки" е најпознат како редовен соработник на култниот режисер Дејвид Кроненберг, од каде произлегоа легендарните филмови како "Гол ручек", "Судир", "Мадам Батерфлај"... Сушицки и Кроненберг досега имаат работено на осум филмови, а последен им е наградуваниот "Eastern promises".

Неговиот потпис стои и покрај режисери како Тим Бартон: "Марс напаѓа!", а го снимал и петтиот дел од вселенската сага на Џорџ Лукас: "Војна на ѕвездите - Империјата го возвраќа ударот".
Неговата камера ги сликала и холивудските ѕвезди како Џек Николсон, Џереми Ајронс, Харисон Форд, Леонардо Ди Каприо, Џон Малкович, Наоми Вотс...

(Де.Т.)- Вечер