СООПШТЕНИЕ

Еден од најдобрите млади виолончелисти на денешницата, Јоханес Мозер во Скопје

ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА - КОНЦЕРТОТ ЗА ВИОЛОНЧЕЛО И ОРКЕСТАР ОД ВИТОЛД ЛУТОСЛАВСКИ

Гостинот од Германија, солистот на виолончело Јоханес Мозер, за кого критиката вели дека е еден од најдобрите млади виолончелисти на денешницата и кој настапува со водечките светски оркестри под диригентство на Борјан Цанев и придружуван од Македонската филхармонија, ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар од Роберт Шуман со што  Македонската филхармонија  се придружува кон светското празнување на  200 годинишнината од раѓањето на овој значен композитор.

Скопје, (25. Февруари 2010)  - Во соработка со Амбасадата на Република Полска, во Македонија за прв пат ќе биде изведен концертот за виолончело и оркестар од Витолд Лутославски - сложена музичка партитура, на еден од најзначајните современи концерти за виолончело и оркестар во 20 век.
Концертот на Македонската филхармонија - необичен по својата концепција ќе донесе на сцената две дела за виолончело и оркестар- предизвик за секој инструменталист да изведе два концерти за соло инструмент и оркестар во една вечер.

Гостинот од Германија, солистот на виолончело Јоханес Мозер, за кого критиката вели дека е еден од најдобрите млади виолончелисти на денешницата и кој настапува со водечките светски оркестри меѓу кои оркестрите во Чикаго, Њујорк, Берлин, Лондон, а под диригентските палки на Мути, Гергиев, Мехта, и др.

Програмата на Концертот што ќе се одржи на 25. Февруари, во 20 часот, во Дом на АРМ ќе ги претстави делата на Р. Шуман: Концерт за виолончело и оркестар а-мол (во чест на 200 годишнината од раѓањето на Роберт Шуман), Р. Аврамовски: Психофонија 2 и за првпат во Македонија Концертот за виолончело и оркестар од Лутославски

АКЦИЈАТА: БЕСПЛАТЕН БИЛЕТ ЗА СИТЕ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ПРОДОЛЖУВА