Почитувани,

Ве известуваме дека на 11.03.2010 година (четврток), во 19 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, ќе биде отворена изложбата на Детска компјутерска графика.

Во проектот Детска компјутерска графика се вклучени деца од градинки, основни училишта како и деца со посебни потреби кои изработуваат цртежи на компјутер без некаков посебен проблем.

За изложбата се изработени повеќе од 500 компјутерски графики.

Графиките ќе бидат подарени во хуманитарни цели на болници и институции што работат со деца со посебни потреби.

Приватното средно училиште Алгоритам Центар работеше на проект за едукација на деца од областа на компјутерска графика, во рамките на кој беа изработени графиките.


Ве покануваме да бидете дел од овој настан.

 

Со почит,
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА