Скопје, 7 јуни 2010 (МИА) - Заменик- министерот за култура Драган Недељковиќ денеска ќе се обрати на Инфоденот посветен на програмите на Заедницата: „Култура 2007-2013“ и „Европа за граѓаните“ што го организира Културно – контактната точка при Министерството за култура.

На Инфоденот ќе биде промовирана и брошурата „Програма Култура на ЕУ - Примери на добра пракса“, подготвена од одделението Културно-контактна точка, во издание на Министерството за култура и поддржана од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија.

Настанот ќе се реализира во соработка со Аугусто Парамио, раководител на Културно-контактната точка за Програмата Култура на ЕУ и раководител на Национално-контактната точка за програмата „Европа“ за граѓаните на Кралството Шпанија.

Предвиденое е свои обраќања пред присутните да имаат и специјалниот претставник на Европската Унија и шеф на делегацијата на Европската Унија во Скопје, Ерван Фуере и Хозе Мануел Паз и Агуерас, вонреден и овластен амбасадор на Кралството Шпанија во Скопје. сс/сст/8:28