Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ И ЦРТЕЖИ – РУБЕНС КОРУБИН, насловена “МЕСЕЧЕВИ ПРИКАЗНИ“, 03.11.2010 (среда) – Империјал 1и 2 – 20.00 час.
Рубенс Корубин, дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград, во класата на проф. Младен Србиновиќ. 1977/79 имал студиски престој во Париз во L’Ecole des Beaux Arts , кај проф. Јанкел.
Рабо...ти како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Самостојно излагал во Скопје, Сомбор, Белград, Битола, Прилеп и Париз. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјата и странство, Париз, Њујорк, Сиднеј, Торонто, Лондон и други. Автор е на два мономентални мозаика „Пелинце 2004“ и “CUPIDAE LEGUM IUVENTUTI“ - на правен факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, 2006.
Добитник е на 5 национални награди, меѓу кои во 2005 ГРАН ПРИ на Зимскиот салон на ДЛУМ.
Изложбата се организира по повод 35 години ликовно творештво и 30 години од првата самостојна ликовна изложба во Културно Информативен Центар. На самата изложба ќе биде промовирана кинигата МЕСЕЧЕВИ ПРИКАЗНИ, со репродукции од неговото ликовно творештво и два есеи од Иван Џепаровски и Кирил Пенушлиски. Рубенс Корубин ќе ни се претстави со 30-тина слики и цртежи изработени во последните 10 години и неколку необјавени дела од подоцнежниот творечки опус.