Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица на 24 април 2012 година (вторник), во 20 часот, ќе се отвори изложба на Маријана Шијаковска со наслов Вечниот пат кон совршенството.
Младата уметница Маријана Шијакоска својата инспирација ја црпи како личен предизвик во своите дела од небото. Токму небото е извор на светлината и во природата владее над се што постои. Независно кој дел од денот да е - утро или пладне, дали е сино или пак со разлетани облаци, таа ги прикажува сите изблици и форми, со што небото ни го доловува како некој магичен круг.
Кустос на изложбата е Маја Крстевска, виш кустос во Национална галерија на Македонија.
Изложбата ке ја отвори  г-а Халиде Паллоши, директор на Национална галерија на Македонија.