3.angeli.so.truba

 Милост барајте со смирено срце


Не барајте ништо друго од Господ на славата освен да биде милостив спрема вас. Барајќи ја таа милост барајте ја со смирено срце, со умиление, и од утро до вечер повикувајте, а ако е возможно правете го тоа и во текот на целата ноќ: ’Господи Исусе Христе, помилуј ме!’, и присилувајте го вашиот ум да го прави ова сè до часот на вашата смрт. Ова дело бара голема присилба, затоа што се тесни вратите и тесен е патот што води во животот и само оние коишто себеси се присилуваат стапуваат во него, зашто Царството Небесно со напор се освојува и подвижниците го стекнуваат (Матеј 7, 14 и 11, 12).

Ве преколнувам, значи, да не ги оддалечувате своите срца од Господ, туку да стражарите над нив и да ги чувате, сеќавајќи се секогаш на нашиот Господ Исус Христос, додека Името Господово не се вкорени во вашите срца и додека тие не престанат да мислат на што и да е друго освен на тоа да се прослави Христос во вас.


Свети Јован Златоуст

 

За Преминпортал подготви

Дејан Блажески

30ти декември 2020 лето Господово