Осветување на храмот „Свети цар Константин и царица Елена“ во Скопје

 

 

На 28.9.2025 година, во Неделата по Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски г. Јован, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј и Дебарско-кичевски г. Георгиј; со Неговото Преосвештенство, Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, како и со бројно свештенство од Скопската православна епархија – чиноначалствуваше на Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, кој се наоѓа во срцето на градот Скопје.

На Литургијата молитвено учество зедоа и претставници од сите сфери на општествено-религиозниот живот, како и високи претставници на државната и на локалната власт.

При самиот крај на Божествената Литургија, со благослов на Светиот архијрејски синод на МПЦ – ОА, на благочестивото семејство на г. Сашо Костовски му беше доделен Светиклиментов орден од I ред за несебичната помош при доизградбата и доукрасувањето на овој величествен храм.Нека ова ново светилиште израсне во живо сведоштво на нашата вера за идните поколенија, бидувајќи вечен извор на благослов за сиот православен народ.

На многаја и благаја лета!

 

 

https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/osvetuvanje-na-hramot-sv-car-konstantin-i-carica-elena/