Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во многу региони на светот, пред се на Блискиот исток и северна Африка, се загрозени правата на верските малцинства, вклучувајќи ги и православните.

-Сметам дека тој засилен проблем треба да биде предмет на посебно внимание на целокупната меѓународна заедница- рече тој на состанокот со претставниците и водачите на 15 православни цркви во Москва, по повод одбележувањето на 1.025 годишнината од прифаќањето на христијанството во Кралска Русија.

Според неговите зборови, сега во светот повеќе од потребни се напори за спречување на меѓу-цивилизациски конфликти, од кои може да произлезат најсериозни последици.

-Русија со своето огромно искуство во воспоставување и одржување на меѓу-конфенсионален мир и согласност подготвена е да го подели со другите-додаде Путин.

Тој вети дека Русија ќе продолжи со активната конструктивна политика со цел политичко решавање на конфликтните ситуации.

Патријархот московски Русује Кирил, при средбата истакна неопходност од опстанок на христијаните во Сирија и на Блискиот исток.

-Денес како резултат на тие конфликти, пред се трагедиите во Сирија, постои страшна перспектива-губење на христијанското присуство во таа земја. Ако дојде до тоа, ни околните земји нема да останат на страна. Не смее да се допушти пустошење на Блискиот исток од гледна точка на присуството на христијанството. Тоа би била цивилизациска катастрофа- истакна патријархот Кирил.

Тој потсетува дека христијанството потекнува од територијата на Сирија.

-Ако христијаните бидат убиени за време на воените акции и конфликти или протерувани од таа земја, тоа ќе биде трагедија за православната црква и целата светска култура, како и за обичниот народ.

-Нашите корени се таму, од каде потекнува нашата вера, таму се древните патријаршии, чии претставници сега се овде- додава тој.