Badnik.Oh8.

За насмевка пред се', потребна е искреност, но дали има искреност кај луѓето? За насмевка потребно е човек да не е злобен, а луѓето најчесто се смеат на злобата.

Искрената и незлобна насмевка значи веселост, а зар има кај луѓето во денешно време веселост и умеат ли луѓето да бидат весели? Веселоста на човекот е неговата најочигледна црта, која најмногу го издава. Еден карактер долго време не можете целосно да го запознаете, но штом човек барем еднаш се насмее сосема искрено, ќе ви го покаже целиот негов карактер веднаш, како на дланка.

Само човек со многу висок и среќен развој умее да биде весел и да ги зарази другите, односно да биде неодоливо и добродушно весел. Не станува збор за неговиот умствен развој,  туку за неговиот карактер, за целиот човек. На тој начин, ако сакате да ѕирнете во човекот и да ја запознаете неговата душа, не гледајте како молчи или зборува или како плаче, ниту пак како се возбудува со племенити идеи, туку погледнете како се смее. Ако се смее добро, тогаш ќе знаете дека е добар човек.

Јас добро знам дека насмевката е најсигурна проба на душата. Погледнете го детето: едиствено децата знаат да се смеат добро, до совршенство и поради тоа тие се привлечни.

 

https://www.fakulteti.mk/news/03082018/shto-dostoevski-veli-za-nasmevkata