3.angeli.so.truba



НА НАШИОТ ДУХОВЕН ОТЕЦ, СО ЉУБОВ
- по повод неговиот роденден!
На многаја лета дедо Наум!


+++
М - Молитвата на почетникот е непрестаен аскетски подвиг на единство со Бог. Молитвата на просветлениот е чудотворна. Совршениот, пак, нема молитва.
И - Историјата на овој свет е распнување и отфрлање на Богочовекот Христос. Оние, пак, што поверуваа во Него, преминаа од смрт во живот и на суд нема да дојдат.
Т - Тајната на Крстот Христов се состои всушност во простувањето. Оној што со надеж на учество во Христовиот Крст сака да учествува и во големата Тајна на Христовото Воскресение, тој и простува.
Р - Рождеството Христово можеме вистински да го славиме само ако со умот
го пронајдеме влезот за внатрешноста во нашето срце, влезот за пештерата каде што Христос положен во јасли лежи.
О - Основниот проблем во сите етапи од духовниот развој не е во тоа дали нашиот ближен греши кон нас, туку во тоа дали ние го љубиме него.
П - Покајанието е услов за постоење на Светата Евхаристија и на светот.
Отците нè советуваат да останеме во подвигот што ни носи плач. Духовен живот без плач и покајание е прелест.
О - Основно нешто што во православниот духовен живот е неопходно да се почитува е начелото: Грешникот го љубиме, а гревот го мразиме. Тоа ни го посведочи Христос на Крстот, велејќи: „Оче, прости им, не знаат што прават“ (Лука 23, 34).
Л - Личното активирање и усвојување на благодатта Божја Господ го нарекува раѓање одозгора, а не само Крштението.
И - И од себеси правиме идол кога престануваме духовно да растеме, кога отпаѓаме од покајанието.
Т - Треба да знаеме дека духовно сме слепи, треба да веруваме дека Христос може да нè исцели и треба оваа наша вера да ја докажеме со што почесто призивање на името Исусово, без да дозволиме некој или нешто да нè попречува.


Н - Несоздадената благодат на Крштението што извира од чистото срце, го преобразува целото битие на оној што живее во покајание и го вообличува ликот Христов во него.
А - Автентичното познание (знаење) на Бог произлегува од опитот на Бог во нашето срце.
У - Умот се наоѓа во процес на исцеление кога слободно ќе се откаже од правото и од својството тој да биде критериум и тој да одлучува за сѐ,
и кога тоа право ќе му го пренесе на друг ум. Другиот ум е секако умот на духовниот отец.
М - Молитвата на светите луѓе е највисок креативен дострел што може да го достигне човекот. Молитвата на светите луѓе го држи светот во постоење и нè спасува сите нас за Царството Небесно.


С - Само Христовиот Крст ни носи Воскресение.
Т - Тајната на Крстот Христов ги содржи истовремено и двете димензии: и љубовта кон Бог и љубовта кон секој човек. Или, можеме да речеме дека љубовта кон Богочовекот Христос покажува дека љубовта и кон Бог и кон секој човек е двоедна и неразделна љубов.
Р - Радувајте се на соборно-евхаристискиот живот на Црквата, бидејќи живееме, се љубиме и се спасуваме само органски поврзани во Богочовечкото Тело Христово, секој на своето од Бог одредено место, но истовремено, тајно и свето, духовно и благодатно проникнувајќи се.
У - Убаво е да знаеме како правилно да се подвизуваме во духовниот живот. Подвигот да се одвива во познание. Духовниот раст и преобразувањето да бидат во познание, послушание во познание, молитва во познание, дела во познание, како што велат светите Отци. Секогаш да бидеме свесни каде сме.
М - Монаштвото е натприроден Божји дар со кој се обдарува преобразената човечка природа.
И - Историјата на овој свет е распнување и отфрлање на Богочовекот Христос. Оние, пак, што поверуваа во Него, преминаа од смрт во живот и на суд нема да дојдат.
Ч - Човекот престанува да биде вистински човек ако го промаши своето сопствено предназначение, односно личната заедница со Бог и непрестајното растење и восовршување во неа.
К - Карактеристики на паднатиот ум се: гордост, расеаност, затемнетост. Карактеристики на обновениот според Христос ум се: смирение, собраност во молитвата, просветленост.
И - И да не си помисли некој дека е возможно искрено и силно
да Го побара Бог ако претходно не ја запознае својата слабост.

 

Избор од фб профил на Оливера Соколова Македонска

 13ти декември 2020 лето Господово