Денес е Светскиот ден на книгата - ден посветен на љубителите на книги низ целиот свет. Исто така, се нарекува Светски ден за книги и авторски права, или Меѓународен ден на книгата, па се посветува и на промовирање на навиките за читање, објавување и на авторски права

Еднаш некој го прашал Ворен Бафет за тајната на неговиот успех. Тој им посочил на купот книги покрај него и рекол: “Прочитајте по 500 страни секој ден. Така функционира знаењето, се натрупува како каматните стапки. Сите може да го направите тоа, ама повеќето несакаат..”

НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ УШТЕ ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ

Кога просечен човек ќе го слушне овој совет, да чита по 500 страни дневно, неговата прва реакција ќе биде дека тоа е невозможно, нема шанси. Потоа би барал причини за да си го оправда ова верување, а воопшто нема ни да размисли за советот. Премногу сум зафатен, не сум доволно паметен или книгите не се за мене, би биле дел од изговорите.

Но, што ако размислиме подлабоко? На пример, што е потробено за да прочитате 200 книги во годината. Ајде да направиме една пресметка.

-Просечен човек чита од 200 до 400 збора во минута, додека вообичаените стручни книги имаат по 50.000 зборови.

-200 книги x 50.000 зборови = 10 милиони зборови

-10 милиони зборови / 400 зборови во минута = 25.000 минути

-25.000 минути / 60 = 417 саати

Само 417 саати годишно ви се потребни за да прочитате 200 книги. Иако на прв поглед изгледа многу, но кога би воочиле дека годишно поминуваме околу 608 саати на друштвените мрежи и 1642 саати пред телевизор, може да се каже дека воопшто не е тешко да се издвои време и за читање.

Сите знаеме дека читањето е важно и дека треба се повеќе и почесто да ја применуваме оваа навика, но сепак не го правиме тоа. Главната причина зошто ова се случува е во неуспешното извршување. Најважна е промента на околината. Ако сакате да читате, погрижете се во вашата околина колку што можете да ги отсранете работите кои залудно ви го трошат празното време и направете книгите да ви бидат подостапни во секој поглед.

Моќта на волјата не е најдобрата алатка за промена на животниот стил. Секогаш нешто друго ќе може да ви го одземе вниманието, баш во тој моменти кога сте се одлучиле дека денес ќе читате. Наместо да се потпирате на моќта на умот, изградете цврсти навики кои ќе ве направат отпорни во тешките моменти на дефокус.

Ако барате одговори, дајте му шанса на читањето книги. Може да најдете многу, дури и повеќе од она што го барате.

 

Извор: https://zenskimagazin.mk/za-vremeto-koe-sekoja-godina-go-pominuvame-na-fejsbuk-moze-da-prochitame-200-knigi-