Проекциите викендов (14-ти и 15 октомври) ќе бидат во МНТ, а од 16-ти до 18 октомври во Кинотека на Македонија.
Плусинфо ● 15:01 12 октомври 2017

Со филмот „Семејството на Ники“, добитник на голем број интернационални награди, в сабота напладне во Македонскиот народен театар ќе биде отворен вториот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.

Проекциите викендов (14-ти и 15 октомври) ќе бидат во МНТ, а од 16-ти до 18 октомври во Кинотека на Македонија.

Фестивалот ќе биде затворен на 19 октомври со Детска филмска академија, во присуство на околу 500 деца од основните училишта.

Фестивалот се одржува под покровителство на Агенцијата за филм и е со благослов на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и г.г. Стефан. Организатор е ТВ и филмска продукција Top World од Скопје.

 

 

Почитувани колеги,

Со голема радост Ве покануваме на Свечено Отворање на вториот по ред Филмски фестивал за духовни и хумани вредности Богородичен Покров. Во прилог е програмата на фестивалот!!  

Фестивалот се одржува под покровителство на Агенцијата за филм и е со благослов на МПЦ-ОА од страна на  Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. Почесен Претседател на фестивалот е проф. д-р Јован Таковски, протојереј ставрофор. Основач и директор на фестивалот е Зорица Костовска, дипл. теоолог и тв и филмски продуцент. Организатор е Top World, ТВ и филмска продукција од Скопје.   

На истиот веќе ни е потврдено присуство на голем аудиториум  и голем број на Амбасадори, меѓу кои на Русија, Чешка Република, Словачка Република, Полска, Романија, Шпанија, Босна и Херцеговина  др. кои се и поддржувачи на фестивалот и ни обезбедија и дел од филмовите. Некои од нив ќе имаат и свое обраќање како и гостите од странство.   Гости  на фестивалот годинава се:  МАТУШКА СОФИЈА – Претседател на Меѓународен филмски фестивал СРЕТЕНИЕ – Русија,  ОTAKÁRO  MARIA SCHMIDT- режисер –ЧешкаРепублика, JANA STUDNICKOVÁ- режисер – Чешка Република, ЈOSEF BROŽ- автор на изложба – Чешка Република, PETRU MIHALEA -програмски директор на ТВ ТРИНИТАС- Романија, СЊЕЖАНА БРЕЗО - режисер- Р. Српска. / Босна и Херцеговина.

Ве покануваме на СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ  во сабота 14.октомври, во 12.00 часот , во МНТ,  / спроти Центарот на Холокаустот/ . Во пауза ќе има изложба со мотото на фестивалот Горе да ги воздигнем срцата од страна на зам. Амбасадорт на Чешка Република во Македонија, г-дин Јозеф Брож.

Фестивалот ќе биде отворен со филмот СЕМЕЈСТВОТО НА НИКИ, добитник на бројни интернационални награди, чие кратко сиже го имате во програмата. Фестивало трае од 14 до 19 октомври и проекциите се одржуваат во МНТ за време викендот, 14 и 15 окт., а  од 16 до 18 во Кинотека на Р. Македонија. Фестивалот ќе биде затворен со ДЕТСКА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА , на 19 окт. во четвтрок во 11.00 часот во присуство на околу 500 деца од основните училишта.

Во прилог Ви го испраќаме и Апелот за прогласување на МЕДИУМСКИ ДЕН НА МИРОТ, за кој посебно ВЕ МОЛАМ да биде промовиран во јавноста, бидејќи е од големо значење!!!! Влезот на фестивалот е слободен и билети можат да се подигнат пред  почетокот на секоја проекција. Ве покануваме да го покриете Свеченото Отворање  и другите настани!  ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА  ЗА ТВ КУЌИТЕ  - Потсетуваме дека настанот на 14 октомври, се поклопува со изборниот молк, и според упатството на Агенциајта за филм, не смее да биде прикажана ниту една домашна политичка личност, освен Претседателот и дипломатскиот кор. Домашните политички личности смеат да се прикажат веднаш по затворањето на гласачките кутии по 19.00 часот!  

 


Ви благодариме на соработката и поддршката!


Секое добро!


Со почит, Зорица Костовска

директор на фестивалот

071 741 411 / 075 33 44 87