Прашање од Марија : Какво значење има ПРОСКУРАТА во Православието, од кое дрво е изработена, кога и во кои пригоди се користи, и Ве молам, што пишува за неа и со кое писмо?
Одговор:
Просфората e ранохристијанска традиција која потекнува од првиот век. Таа е специјален леб кој е печен и принесен на Црквата и се подготвува зa светото заедничарење(причестување). Зборот просфора значи нешто што се принесува, или бескрвна жртва која ја симболизира Крсната жртва на нашиот Господ Исус Христос. Се е написано со црковнословенски букви и тоа има три печати еден под друг каде што пишува ИС ХС НИ КА, од кои средниот Го претставува Агнецот кој се коле и жртвопринесува за нас, за отпуштање на гревовите, и земајќи го се употребува за претворање на лебот во Тело Христово. Од левата стрена има девет мали триаголничина подредени во три реда по три, кои ги претставуваат деветте ангелски чинови и сите светии. А од десната страна ја има буквата М (или митер тоу Теоу) што ја означува Пресвета Богородица. Од печатот над Агнецот се вадат честици за здравје и спасение на живите, а од печатот под Светиот Агнец за покој на душите на починатите.
Печатот со кој се прават просфорите е добро да биде од поквалитетно дрво, како на пример ореово. Просфорите треба да се прават со молитва. За време на правењето на просфората молете се со Исусовата молитва Господи Исусе Христе помилуј не!... (Подготви: П.П./З.Д. )
Просфора: