3.angeli.so.truba


Во книжарниците на ТРИ денес започна популарниот Зимски фестивал на книгата во рамките на кој ќе следат низа промоции кои ќе се случуваат до 31 јануари 2021, во книжарниците и онлајн.

Фестивалот носи разновидна понуда на книги од сите жанрови, со сезонски попусти  на над шестотини изданија на ТРИ и на Паблишер, избор од 60 наслови по специјална цена од само 99 денари, екстра попуст за купени 3 или повеќе книги и многу други изненадувања за читателите. Освен неповторливите понуди на цените и извонредните нови наслови, Фестивалот ќе понуди и инспиративна празнична еуфорија која ќе ве воодушеви – оригинално бесплатно пакување и мини честитка, како и изненадувања за најмладите.

Фестивалот стартува со ексклузивна промоција на две нови книги од најчитаниот автор на трилери во моментов – Ју Несбе, романите „Жед“ и „Нож“, 11. и 12. продолжение од прочуениот серијал за инспекторот Хари Хуле. Следуваат ексклузивни нови изданија – романи од Харуки Мураками, трилери од Шари Лапена и Карен Мекманус, нови книги од гуруата Тони Робинс и Брајан Трејси, Ошо и Дипак Чопра, нов прирачник за личен развој „THRIVITY АКТИВАТОР“, психолошките бестселери „Детето во тебе мора да си го пронајде својот дом“ и „Ајде да ти раскажам“, многу нови и интересни изданија за деца – „Азбука“ на Стела и Сани, романи за деца од Ју Несбе и Мет Хејг и многу актуелни наслови кои можете да ги погледнете во фестивалскиот каталог: http://kniga.mk/pdf/Katalog.pdf.

Фестивалот на книгата ќе се одвива во книжарниците на ТРИ – ГТЦ, Дебар Маало и ТЦ Зебра, но и онлајн на www.kniga.mk (понуда со изданија), www.prikazni.mk (блогот на ТРИ со сите информации и новини).

22декември 2020 г.

Извор:

https://www.vecer.press/%D0%B7%D0%B8%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B8/