crkva.kiev1.jpg



Софија Грандаковска

Мислев дека светот се распослал врз мене
И сите небесни тела со својата тежина
Се обесиле како тешка свила
Врз моето тело.

И сиот тој умор го галев
И сета таа премореност ја негував
За да можев потоа да останам будна
Оти ќе го пропуштев гласот што ми се отвори
Низ величенствена радост ми кажа:
Секој еден од нас е мал мартир
Кој само така
Стигнува до својата невидима.