Томас Едисон ја направил првата аудио-снимка со намера да може да ја пушти пак во 1877, но луѓето го забележувале звукот со векови.




Сите сме научени дека Томас Едисон го измислил фонографот во 1877 година и бил првиот човек кој создал снимка од звук кој веднаш можел да се слушне повторно. Но, никаде не се зборува дека луѓето забележувале музика на хартија со векови, служејќи се со графички репрезентации на фреквенција и траење кои може да се искористат за да се произведе звукот.


Овие артефакти не можеле да се отсвират со векови, но историчарот и етномузикологот Патрик Фистер го создал звукот од овие документи кој може да се најде на едно ЦД кое било објавено изминатата година. ЦД-то има мелодии кои датираат од 980 година.


Проектот започнал откако Фистер се здружил со продуцентска куќа за да произведе дел од песна на францускиот научник Едуард-Леон Скот Д Мартинвил. Научникот ја забележал песната на хартија со машина наречена фонотограф во 1860, речиси две години пред првото снимање на Едисон.




Скот Д Мартинвил сакал да ја сочува изведбата на актерите и пејачите со аудио еднакво на фотографијата. Тој сфатил дека мора да создаде „вештачко уво“ за да ги забележи вибрациите во воздухот кои ги примаат луѓето додека слушаат звуци. Неговиот изум, фонотографот, била првата машина која снимила звучни бранови за одредено време. Но, научникот сакал дамо да го претстави звукот на хартија како начин на збогатување на пишаниот јазик. Тој се надевал дека луѓето некогаш ќе научам да го читаат фонотографот и да го преведат звукот во нивните умови на начин сличен на оној според кој читаме зборови на страница.




Фонотограмите на научникот не биле ништо посебно до 2008, кога Давид Џовани и националната лабораторија Лоренс Беркли успеале да ја претворат дигиталната слика во дигитален звук со користење на „виртуелно пенкало“ за да ги забележуваат пишаните бранови форми како да се мелодии на плоча.

 

 

 

Автоматските инструменти и музичките кутии датираат од крајот на осумнаесеттиот век. Раните верзии на оваа технологија позната како тонотехни се користеле во домовите, но не биле доволно моќни за користење во големи сали. Програмите за автоматските инструменти не се форма на снимен звук, туку процес кој цели кон детали и прецизност со тоа што го имитира стилот на специфичниот музичар.




Забниот цилиндар бил претходник на тонотехнологијата. Цилиндрите биле дизајнирани да ротираат со константна брзина додека „забите“ го извршувале свирењето на нотите.




Во средниот век, музиката се забележувала на графи од време наспроти фреквенција кои се послични на денешните методи.

 




Дејзиското забележување е најстарата запишана полифоничка музика која била користена во само неколку дела во 9-от век.





 

 

http://www.fakulteti.mk/news/13-03-09/kakva_bila_muzikata_vo_980-ta_godina.aspx

датум: март 09, 2013

Пишува: Драгана Петрушевска / Текстот не е лекториран