Скопје,17ти октомври 2019 г.-  МАНУ

Во организација на МАНУ и Македонската православна црква-Охридска архиепископија, во Скопје, од 17-18 октомври 2019 година, се одржа МЕЃУНАРОДЕН НАУЧЕН СОБИР 200 години Дичо Зограф (1819 - 2019) , одбележувајќи го јубилејот од двестотини години од раѓањето на Дичо Зограф кој отпочна нов правец во црковната уметност.

„Уметник – чудотворец, мајстор на иконописот, автор чии импресивни дела ќе станат парадигма за генерации зографи на пошироките балкански простори,
 човекот кој направи пресврт на еден илјадагодишен период и означи почеток на сосема нов правец во историјата на македонската црковна уметност.“

 Презентацијата на различните аспекти на  научните трудови се одвиваше во четири работни сесии со учесници од СР. Македонија, Р. Албанија, Р. Србија и од Р. Бугарија,  опфаќај ги  следниве многу интересни и значајни културни, историски и духовни аспекти од творештвото на Дичо Зограф:

  • Иванка Гергова- Дичо Зограф във Видинско
  • Ненад Макуљевиќ- Почеци проучавања рада Дича Зографа и дебарских иконописаца у српској литератури
  • Доријан Кочи – Андреа Лукани- Dico Zografi’s icons in National historical museum
  • Викторија Грозданова - Фрескосликарството на Дичо Зограф во црквата „Св. Никола“, село Глуво
  • Ратомир Грозданоски- Библиските пораки, мисли и содржини кај Дичо Зограф
  • Никола Ѓурѓиновски- Богослужбените текстови во живописот на Дичо Зограф
  • Дејан Борисов- Скопската епархија во средината на XIX век
  • Ирена Чировиќ- Следбеници Дича Зографа на подручју Србије
  • Сашо Цветковски- Иконографски истражувања на живописот на Дичо Зограф
  • Виктор Недески- Иконите на Дичо Зограф во црквата „Успение на Богородица“ во Епаноми, Солунско
  • Ралица Русева-Изображения на Светите Седмочисленици от втората половина на XIX век в България
  • Ивана Женарју-Рајовиќ-Делатност зографа из Галичника на Косову и Метохији
  • Ана Костиќ-Дебарски зографи у Кнежевини и Краљевини Србији (1830 – 1914)
  • Александар Кујунџиев-  Светогорските зографи Давид и Яков от началото на ХІХ в.
  • Маја Захариева – Иван Ванев- Към историята на цъквата „Възнесение Христово“ в село Слана Бара, Видинско
  • Дарина Бојкина- Иконографски особености на стенописите в църквата „Св. Георги“ в село Dелейна
  • Ангелина Поповска- Конзерваторски истражувања на иконата на Св. Петар и Павле од црквата во Тресонче (1834 г.) и Дичовите пресликувања на постари иконописни дела

 

„Во уметноста на 19. век Дичо Зографот се издигнал како средишна личност, истакнувајќи се со својата ликовна надареност, лична култура, продуктивност, комуникација со современиците, дејство и влијание врз своите ученици и соработници...
Од млад ги обработувал, препишувал и преведувал ерминиите поради што многу рано бил упатен во иконографијата и технологијата на црковната уметност. Личната дарба уште повеќе придонела да изгради чувство на респект кон другите творци. Одбивал да интервенира, да ги заменува или освежува иконите што му биле доставувани на „поправка“, настојувајќи да го зачува стариот инкарнат, што зборува за неговиот однос кон постарите зографи и неговите речиси современици.
Не бил обичен занаетчија, туку мајстор – интелектуалец. Интересот за користење книги од богословската литература, на графички изданија и на старите ракописи само ја заокружува неговата комплексна личност.“

 

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

Октомври 2019 лето Господово

 

 

Друго:

  • Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

 

a-15

  • Учество на Бигорски во првата научна конференција за византологија и медиевистика