3.angeli.so.truba

„Јас сум христијанин!”

Јоханес Кеплер (1571 – 1630)

Јоханес Кеплер (1571 – 1630) – татко на физичката астрономија, е германски математичар, астроном и астролог и клучна фигура во астрономската револуција на 17 век. Основоположник е на современата астрономија. Бил противник на астрологијата и не верувал дека ѕвездите ги управуваат животите на луѓето. На таа тема напишал и книга и ја објавил во 1601 год. Ги открил законите за планетарното движења, познати како прв, втор и трет Кеплеров закон. Ги развил првите табели за следењето на движењето на ѕвездите. Докажал дека планетите орбитираат во елипси а не во кругови околу сонцето.

Уште од рано детство се развила љубовта кон астрономијата и како мал ја набљудувал Големата комета во 1577 година и други астрономски настани. Но детските сипаници го оставиле со слаб вид и сакати раце, ограничувајќи ја неговата можност за набљудување на аспектите од астрономијата.

    Сакав да станам теолог, но сега гледам дека преку моите трудови Бог се прославува и во астрономијата, зашто… небесата ја искажуваат Божјата слава, небото ги објавува Неговите дела. (овде Кеплер го цитира библискиот Псалм 19, стих 1.)

За време на неговата кариера, бил учител по математика во семинарско училиште во Грац, Австрија, асистент на астрономот Тихо Брахе, дворскиот математичар на императорот Рудолф II; математичар во Линц, Австрија и советник на генералот Алберт фон Валенштајн. Тој исто така извршил голем придонес на полето на оптиката, измислил подобрена верзија на рефрактирачкиот телескоп и помогнал да се легитемизираат телескопските пронајдоци на уште еден научник од неговата генерација, Галилео Галилеј. Пред Кеплер, планетарните орбити биле пресметувани преку комбинации на кружните движења на небесни сфери. По Кеплер, астрономите го смениле своето внимание кон орбитите – патишта кои можат математички да се претстават како елипси. Кеплеровите закони исто така овозможиле да се создаде основа за теоријата на Исак Њутн за универзална гравитација.

3.angeli.so.truba
Кеплер со кралот – императорот Рудолф II

Кеплер ја опишал неговата нова астрономија како „небесна физика“, како „екскурзија во аристотеловата Метафизика“ , и како „додаток на делото ‘За небото’“, исто така на Аристотел, трансформирајќи ја античката традициjа за физичка космологија со третирањето на математиката како дел од универзалната математичка физика.

    Јас верувам единствено и исклучиво во службата на Исус Христос… Во него е секое прибежиште, секоја утеха.

Воведувал религиозни аргументи и појаснувања во неговите дела, мотивиран од религиозната осуда дека Бог го создал светот со интелигентен план кој е прифатлив преку природната светлина на разумот.

Знаел дека универзумот е дизајниран од страна на мудар Творец, па така започнал да го следи моделот регулиран со закони и логика. Не ја прифатил идејата на неорганизиран универзум, додека други научници од неговото време се откажале од пребарувањето на модели за универзумот. Неговите математички вештини го импресионирале познатиот астроном Тихо Брахе, кој го поканил Кеплер да се приклучи на неговиот тим од астрономи. Со помош на современата опрема на Брахе, Кеплер конечно можел да го проучува планетарното движење се подлабоко. Во својата книга „Хармонија на световите“ , Кеплер ќе напише: „Голем е Бог, нашиот Господ, голема е Неговата моќ и нема крај на Неговата мудрост“.

    Бог е љубезен Створител, Кој од ништо ја создал целата природа.

3.angeli.so.truba

Кеплер бил христијанин со цврсти убедувања, кои се темелеле врз неговото лично познавање на Библијата. Бидејќи бил слободоумен и информиран човек, се спротиставувал на клерот од официјалната црква, која во тоа време вршела срамен лов на измислени вештерки, па и мајката на Кеплер била судена за вештерство! Поради тоа што исклучиво се повикувал на Светото Писмо, а не се повикувал на црковните догми за вештерство и слично, често бил прогонуван и шиканиран.

Во текот на неговиот живот ја проучувал Библијата и бил решен да му оддаде слава на Бога. Во една од своите книги ќе напише:

    „Бидејќи ние астрономите сме свештеници на Вишниот Бог во поглед на книгата на природата, ни доликува да мислиме, не на славата на нашите умови, туку, пред сè друго, на славата Божја“

Тој беше исто така првиот научник кој рече дека „има побожни мисли по пример на Него“. Кеплеровите текстови покажуваат без никаков сомнеж дека тој верувал во еден семоќен Бог.

Кеплер низ текот на својот живот и научната работа и творење секогаш се потпираше на Бога и постојано го славеше. Дел од неговите познати искази за Бога се следниве:

    Геометријата е единствена и вечна, одраз на Божјиот ум. Тоа што човекот може да земе удел во неа е една од причините зошто човекот е образ Божји.

    Привилегија е, а и должност да трагаш внимателно по бројките, големините, и тежините, нормите за сето она што Бог го создал. Зашто Он Самиот му дозволи на човекот да земе удел во знаењето за овие нешта… Овие тајни не се такви што нивното испитување да биде забрането; напротив тие се поставени пред нашите очи како огледало за испитувајќи ги нив да ја согледаме до извесна мера добрината и мудроста на Создателот.

    Главна цел на сите испитувања во надворешниот свет треба да е тоа да се открие рационалниот поредок и хармонија кои му се дадени од Бога и кои Он ни ги открива преку јазикот на математиката.

Починал на 15 ноември 1630 година. Денес, мисијата Кеплер на Наса, го носи неговото име.

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/johanes-kepler-ja-objavuva-bozhjata-slava/