ПЕКОЛОТ НЕ ПОСТОИ, АДАМ И ЕВА НЕ ПОСТОЈАТ - ВЕЛИ ПАПАТА ФРЕНЦИС ЗА ТАЈМ МАГАЗИН

Човекот кој е тука за да отвори многу стари „тајни“ во Католичката  Црква е Папата Френцис. Некои од верувањата на црквата но спротивни на љубовта Божја сега Папата ги менува. Тој скоро беше именуван за Човек на Годината од страна на ТАЈМ Магазин.

 

 

Во неговите најнови откровенија, папата Френцис изјави:
„Преку понизност, барање на душата и молитвена контемплација се здобивме со нови разбирања на одредени догми. Црквата повеќе не верува во буквален пекол во кој луѓето патат. Оваа доктрина не е компатибилна со бесконечната Божја љубов. Господ не е судија туку пријател со бесконечна љубов кон човештвото. Бог бара не за да осудува туку за да дава прифаќање. Како во приказната за Адам и Ева, гледаме на пеколот буквално како на уред. Пеколот е само метафора за изолирана и осамена душа, која како и сите души конечно ќе биде обединета во љубов со Бога."
 
Во шокантен говор кој одекнува низ целиот свет, Папата Френцис изјави дека: сите религии се вистинити, затоа што се вистинити во срцата на сите оние кој веруваат во нив. Која друга вистина постои? Во минатото, црвата беше строга со оние кои морално грешеа. Денес, ние не судиме повеќе. Како грижлив татко, ние никогаш не ги осудуваме нашите деца. Нашата црква е доволно голема и за хетеросексуалците и за хомосексуалците, за про-животот и за про-изборот! За конзервативците и либералите, дури и комунистите се добродојдени да ни се придружат. Ние сите го сакаме и му се поклонуваме на ист Бог."
 
Во последните шест месеци, Католичките кардинали, бишопи и теолози разговараат за иднината на црквата и ги редефинираат долго постоечките Католички доктрини и догми. Третиот Ватикански Совет, е најголемиот и најважниот после Вгориот Ватикански Совет кој беше склучен во 1962.
 
Папата Френцис го свика новиот совет за „конечно да ја заврши работата на Вториот Ватикански Совет“.
Третиот Ватикански Совет беше склучен со изјавата на Папата Френцис дека...
Католицизмот сега е „модерна и прифатлива религија, која ги надмина еволутивните промени. Дојде времето да се напушти нетолеранцијата. Мораме да признаеме дека религиозните вистини еволуираат и се менуваат. Вистината не е апсолутна и испишана во камен. Дури и атеистите го признаваат Божественото. Преку акти на љубов и добротворби атеистите исто така го признаваат Господ, ги искупуваат нивните души и стануваат активно партиципираат во спасението на човештвото."
 
Една изјава од говорот на Папата ги стави традиционалистите во конфузија и хистерија...
"Бог се менува и еволуира исто како и ние, затоа што тој живее во нас и во нашите срца. Кога шириме љубов и добрина во светот, допираме до Божественото во нас и го препознаваме. Библијата е убава света книга, но како и сите големи и антички дела, некои пасуси се застарени. Некои дури и повикуваат на нетолеранција и судење. Дојде време да ги погледнеме овие стихови како подоцнежни интерполации, спротивни на пораките за љубов и вистина кои инаку зрачат од списите. Соодветно со нашите нови разбирања, жените ќе почнат да стануваат кардинали, бишопи и свештеници. Во иднина, се надевам дека еден ден папа ќе биде жена. Ниедна врата не смее да биде затворена за жени, а отворена за мажи!"
 
Неколку кардинали во Католичката црква се против последните излагања на Папата Френцис. Следете не за понатамошни извештаи.

 

 

Извор:  http://think.mk/2014/01/22/pekolot-ne-postoi-adam-i-eva-ne-postojat-veli-papata-frentsis-za-tajm-magazin/