o.partenij10.jpg

Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно го негуваат православните монаси. Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат иа сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Тие се прават од чиста овча волна, што не потсетува дека сме словесни (разумни) овци на Добриот Пастир, Господ Исус Хритос, Кој, и самиот како Јагне Господово пострада заради нас и не избави од вечната смрт.

Бројаниците се прават со рзличен број на јазли. Така, најмалата е составена од 33 јазли, додека поголемите: од 50, 100 или 300 јазли. Според едно старо предане, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е ден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете.

КАКО ДА СЕ МОЛИМЕ СО ПОМОШ НА БРОЈАНИИЦА

Освен молитвите што се наоѓат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, Црквата Христова благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат.
Како треба да ја започнеме нашата молитва? Собирајќи ги тие мисли од лутање, со левата рака ја држиме бројаницата а со палецот и показалецот ја одбројуваме секоја кажана молитва со по еден јазол.

Највообичаена молитва, која се кажува "на бројаница" е таканаречената ИСУСОВА МОЛТВА која гласи: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ МЕ ГРEШНИОТ! или во скратена форма: ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ МЕ!

ИСУСОВАТА МОЛИТТВА е најважна молитва за секој христијанин. Таа, според црковните правила може да ги замени сите други молитви кажани дома. Затоашто е осветета со самото име Христово, таа, во нашето срце внесува божествена благодат и неискажлив душевен мир, кога често ја повторуваме. Многу православни христијани толку многу навикнале на неа што постојано ја изговараат, па дури и кога спијат затоа што, кога човек навикне на неа таа посганува механизам што се одвива како на пр. процесот на дишење. Најголемата сила на оваа молитва се состои во самото име на ИСУСА ХРИСГА, кое истерува од нашето срце секаков немир.

Освен ИСУСОВАТА МОЛТВА, христијаните рдовно се молат и на Пресветата Богородица светителите на следниот начин: ПРЕСВЕТА БОГОГОДИЦЕ, СПАСИ МЕ ГРЕШНИОТ СВЕТИ (името на светителот), МОЛИ ГО БОГА ЗА МЕНЕ ГРЕШИОТ.

Со помош на бројницата можеме да се молиме и на нашите ближни или својот народ, и тоа на едннствен начин: На првиот јазол од бројаницата ги кажуваме следните зборови: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ ГО (чедото, народот) СВОЈ (името или повеќе имиња од списокот) а на другите останати јазли не го спомнуваме името или имињата за кои се молиме туку само велиме: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ ГИ СПОМНАТИТЕ ТВОИ ЧЕДА.

Исто така можеме да се молиме и за нашите упокоени роднини и иријатели:
ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСЕ, УПОКОЈ ГИ ДУШИТЕ НА УПОКОЕНИТЕ ТВОИ ЧЕДА (имињата). А понатаму ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, УПОКОЈ ГИ ДУШИТЕ НА СПОМНАТИТЕ ТВОИ ЧЕДА.

zima.svnikola3.jpgКога сме сами. добро би било да избереме тивко место каде што можеме во тишина да се молиме. Православниот христијанин, најчесто се моли пред икона со запалено кандило. Може да се моли: кога седи, кога лежи доколку телесно е уморен или болен. Пожелно е пред кажуваиње на молитвата да се прекрстиме. На тој начин нашето внимание полесно се врзува за зборовите од молитвата. Меѓутоа, молитвата "на бројаница" може да се кажува и на секое место и во секоја прилика: во автобус, воз, парк, чекална па дури и во разговор, доколку активно не се учествува во истиот. Повеќето христијани пред спиење ја осенуваат својата постела со крсниот знак и легнуваат заедно со бројаницата, молејќи се тивко се додека не заспијат. Наутро кога ќе станат гледајќи ја до себе својата другарка, веднаш повторно Му се обраќаат на Својот Создател со молитва.

Многу е корисно наутро и навечер да се одвои одредено време за молитва. Светиот апостол Павле ни препорачува "да се молиме постојано", Секако, кога сме во друштво не мохеме да се молиме на ист начин како кога сме сами. Кога сме во друштво не треба да привлекуваме внимание со нашата молтва, туку внимателно, едноставно молчејќи, да ја изговараме молитвата следејќи ја со незабележително вртење на бројаницата. Молитвата во себе можеме многу лесно да ја кажуваме движејќи го јазикот при затворена уста и со мислите да ги следиме зборовите од молитвата. Накратко кажано, можше да се молиме секогаш и на секое место, а за тоа да не знае никој освен Бог, на Кого Му се молеле. Секое привлекување внимание со нашето молење не е во духот на вистинската молигва. Молењето треба да се извршува во покајание и смирение, скромно и тнвко "во тајната одаја од срцето наше".

Кога сме на молитва, Светите Отци забрануваат било какво мечтаење или замислување на слики. Нашето внимание треба да биде насочено во зборвите од молитвата. Тоа се постигнува со упорно вежбање, но и со бавно кажување на зборовите од молитвата, а не со брзање, со цел да се постигне одредениот број на молитви. Бог ја исполнува само онаа молвтва, која е кажана со внимание н смирение. Сепак, потребното вниманне тешко се постигнува, затоа се препорачува молитвата да се кажува и во моменти кога сме расеани. Ваквиот начин го навикнува умот на постојана молитва. Постојаната молитва, е слична на водните капки, шго непрекинато паѓаат на камен и прават длабнатина во истиот.

Бројаницата. во моментот кога не ја користиме, можеме да ја чуваме во џебот, а ако е мала - на раката. Не е убаво да привлекуваме внимание со бројницата. а посебно не да се игра со прстите. Таа служи исклучибо за молитва, а не за играње или украс.
Кон неа треба да имаме должно почитување. Монасите и монахињите, кои ги плетат бројаниците, се молат за време на работењето, и тие се плод на молитвата.

Затоа, браќа и сестри, да се молиме на нашиот Спасител Господ Исус Христос и неговите светии за себе и за нашите ближни, како би добиле благодат во овој краток земен живот од Светиот Дух, и би се удостиле со вечната награда на небесата, Господ секогаш е со нас, на секое место, и посгојано не учи дека царството небесно е внатре во нас - во нашите срца. А тоа значи, дека треба секогаш да бидеме со Него преку МОЛИТВАТА и другите свети добродетели. Важно е да знаеме дали нашата молитва поткрепена со подвизи, правејќи ги преку постот, милостињата и другите добри дела, му е мила на Бога. Многу е опасно да се бавиме со молитва без почесто исповедување на своите гревови пред духовникот илн парохискиот свештеник. Исто, неопходно е смирение и трпение кон своите домашни и колеги на работа. Бог не ја прима секоја молитва, посебно не на човек чија совест е обременета со злопамтење и омраза кон ближниот. Господ не учи најпапред да се измириме со братот свој, а потоа да му принесеме жртва, Ако некој не разгневил или ни направил некоја неправда, добро е пред почетокот на својата молитва да се помолиме со зборовите: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ ГО ТВОЕТО ЧЕДО (името иа оној кој ни згрешил) И МЕНЕ ГРЕШНИОТ. Навистина не е возможно да се добие ни една христијанска особина без благодат од Бога и неа ја добиваме првенствено преку молитвата. Затоа МОЛИТВАТА Е ЦАРИЦА НА СЕ ШТО Е ДОБРО И КОРИСНО ЗА НАШАТА ДУША таа воедно не вознесува и соединува со БОГА.

Со благослов на игуменот на Светата Бигорска обител
Архимандрит Партение

Посети: {moshits}