Корените за украсувањето елка доаѓаат од Германците и Данците, кои први почнуваат со украсувањето на секогаш зеленото дрво - елката. Елката ја симболизира вечната младост, секако во чест на раѓањето на богомладенецот Христос, вели отец Горан


ЗОШТО СЕ КИТИ ЕЛКАТА?

Китењето елка претставува симбол за божиќните и новогодишните празници во христијанството. Нејзиното украсување е составен дел од секое семејство и претставува голема радост за најмладите. Светкавите бои на лампионите, златните искри што во вечерните часови го украсуваат домот ги прават новогодишните празници едни од најубавите празници, кои децата со воодушевување ги дочекуваат.

УКРАСУВАЊЕТО ДЕЛ ОД ХРИСТИЈАНСТВОТО

Во метрополата речиси нема дом без украсена елка. Пред дваесетина години новогодишната декорација се одвиваше во неколку етапи. Прикачување светилки, лампиони и разни други украси, а врвот обично го става најстариот член на семејството, на крајот од украсувањето. Во минатото тоа беше вообичаена практика за многу семејства. На крајот од украсувањето децата фатени за рацете играа околу елката, пеејќи ја познатата новогодишна песна „Елко, елко“.


Според отец Горан Стојчевски од Соборниот храм во Скопје, китењето елка е преземено преку комерцијализирањето на божиќното празнување.


 Корените влечат  кон Германците и Данците кои некако прави почнуваат со украсувањето на секогаш зеленото дрво - елката, која ја симболизира вечната младост, секако во чест на Раѓањето на Богомладенецот Христос. Некои украсувањето на елката го поврзуваат со свети Бонифациј (кој се празнува и во Православната Црква), архиепископот на Мајнц, и апостол на Германите, како што е наречен кој за да ги оттргне Германците од паганското обожување на дабот (дрво кое не дава плод),  им укажал на симболиката на елката која по својот триаголен облик укажува на Пресвета Троица и на луѓето кои се крштеваат во Вистинскиот Бог - Отецот, Синот и Светиот Дух, а секогаш зелената боја треба да ги посетува на вечниот живот во Царството Небесно.

Еве, да ја споменеме и православна Грузија, и еден нивни обичај тие имаат свое т.н. Божиќно дрво направено од пресучен лешник или орев, а потоа украсено со зимзелени гранки што ги потсетува на брадта на свети Василиј Велики. Во основа, тоа е историјата на елката, наречено уште во Америка и рајско дрво, заради неговата секогаш зелена боја, а украсувањето на елката и подароците укажуваат на подароците на мудреците што му ги донеле мудреците од Исток поклонувајќи се на долгоочекуваниот Спасител, злато, ливан и смирна, а ѕвездата на врвот од елката е онаа ѕвезда (архангелот Гаврил) која што по Божја промисла ја следеле и ќе ги одведе точно до местото на Раѓањето Христово.

Ако би разгледувале според тоа какво толкување се дава, иако е прифатена од Запад, сепак она од житието на свети Бонифациј секако е прифатливо објаснување за елката и секако има повеќе смисла за Божиќ отколку дабовото дрво за Бадник и огновите кои ни се увезени од соседство, но не се споменуваат во ниедно житие или традиција освен кај северниот сосед, а дабот и огновите еве, според свети Бонифациј и секако христијанското учење, се паганска работа.

Најважно е на Бога ние да Му се принесеме како подарок со љубов, да Го возљубиме со срцето како злато, со душата како ливан и со разумот како смирна и секако да не заборавиме на ближниот (секој човек како образ Христов) од кого ни зависи спасението во Бога и кој ние најголем подарок од Него. А, Бог колку дарува да не зборуваме, ни дарува Живот, самото Тело и Крв со кое се причестуваме за прошка на гревовите и живот вечен.

 

 Извор, според прилогот објавен во:

 Нова Македонија, 28 декември 2015г.

Автор: Даниела Трајковска Здравеска / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.    Фотографија: Дарко Андоновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122815939336&id=14&prilog=0&setIzdanie=23649