(Обновено)

 38.machenici1

Кога ќе умреш, не се грижи за твоето тело… Твоите роднини ќе направат што е потребно, зависно од нивната можност…
Ќе те соблечат…
Ќе те измијат…
Ќе те облечат…
Ќе те земат од дома и ќе те преместат на твојата нова „адреса“ на гробот…
Мнозина ќе дојдат на твојот погреб за да се збогуваат со тебе… Пријатели… Роднини…
Твоите објекти, дури и оние кои не ти беше драго да ги позајмуваш, ќе бидат раздадени на оние кои што остануваат овде…
Твоите чевли…
Твојата облека…
И биди сигурен за ова… луѓето ќе престанат да плачат за тебе…
Животот за нив ќе продолжи…
Сè што си заработил, ќе оди кај твоите наследници… или ќе се растури како правот…
И да не мислиш дека постојано ќе те споменуваат… некои можеби никогаш. Други ќе се сеќаваат… Некои ќе те заборават…
Твоите фотографии ќе останат некаде на видело некое време или ќе продолжат да стојат убаво на мебелот но потоа ќе бидат чувани на дното на една фиока… и потоа заборавени…
Големата болка во твојот дом ќе трае една недела, две, еден месец, два, една година, две… ќе ти носат цвеќиња на гробот а потоа ќе останеш сам… Зашто секој ќе си го продолжи секојдневниот живот… Одвреме навреме ќе соберат сеќавања и потоа твојата приказна ќе се заврши… ќе бидеш заборавен… Заврши меѓу луѓето, заврши овде, заврши во овој свет…
Но твојата приказна ќе започне во твојата нова „реалност“… во твојот живот после смртта… ќе патуваш со она што си бил и си имал душевно…
Твојот живот и сè она световното ја изгубија вредноста која ја имаа овде – Тело…
Убавина…
Надворешен изглед…
Презиме…
Положба (состојба)…
Банкарска сметка…
Дом…
Автомобил…
Семејство…

38.machenici1


Во твојот нов живот ќе имаш потреба само од твојата душа… А вредноста која си ја заработил овде ќе биде единственото богатство кое ќе го имаш таму…
Оваа „среќа“ е единствената која ќе ја земеш со тебе и е создадена во твојот период овде на земјата…
Така да обиди се да живееш како што треба, да бидеш добар и да си го заработиш спасението уште овде… оти:
„Нема да примиш она што имаш од овде… Ќе примиш само она што си дал“… Не се фали со парите… со положбата која ја имаш, со твоето богатство… Овие работи се временски… Се прав и пепел… ‘Рѓа и земја… Имаат крај… сите ќе умреме… И ќе биде доцна да смениме или да дадеме во еден момент што не можевме цел живот… Фалете се со чистата душа… Фалете се со Христос, со светителите, со Богородица… Исповедај се често, а ако паднеш, толку пати да станеш – зашто во она во кое ќе те најде Бог, во тоа ќе ти суди. Моли се да бидеш најден од смртта во покајанието исполенто со солзи и во исправање кон духовниот живот…

Причестувај се со благословот на твојот духовник колку можеш често, и води христијански живот… пријатен пред лицето Божјо и на светителите. Помагај им на другите, биди добар со секое создание… Стави се на местото на секој… простувај… биди милостив… На смртната постела жалењата се залудни а во другиот свет ќе бидеме сами, само покрај оние кои ги служевме овде со посветеност, или со грдиот ѓавол кој нè насладуваше со смртните гревови, или со Христос, или со светлите светители, со Богородица со која се боревме против искушенијата, со добрите дела кон ближните и не само со нив, туку и кон оние кои некогаш ни посакувале зло. Сети се, иако не сакаш да прифатиш – кога тогаш твојот живот, мојот, нашиот ќе заврши…
Ќе умреме!
Е една реалност… значи… да не биде залуден нашиот живот овде на земјата…


 отец Теодор Чурариу


 превел од романски јазик: И. М.-И.

 38.machenici1

 

 Избор од фб профил на

Кумановско-осоговска Епархија

Мај 2021 лето Господово