TViTer132


Можеби ќе речете: „Јас имам вера во Христа; за мене е доволна верата во Него за да бидам спасен.“ На тоа ни противречи светиот апостол Јаков, велејќи: „И бесовите веруваат, а треперат“ (Јак. 2, 19). „Верата, ако нема дела, сама по себе е мртва... Како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва“(Јак. 2, 17 и 26). Нo, дали ние веруваме во Него? Како можеме да кажеме дека Му веруваме во врска со идното, кога не Му веруваме во врска со она што е во сегашноста?

Ние не веруваме како што треба, затоа што живееме телесно и зашто војуваме против Духот. Оние што вистински веруваат во Христа со извршувањето на Неговите заповеди Го вселуваат Него во себеси и говорат: „Јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам во верата во Синот Божји, Кој ме засака и Себеси се предаде за мене““(Гал. 2, 20). Затоа, страдајќи за Него заради спасението на другите. оние што Му биле верни подражатели и вистински исполнители на Неговите заповеди, говореле: „Кога не укоруваат, ние благословуваме, а кога не гонат трпиме: кога хулат на нас, ние се утешуваме“(1. Kop. 4, 12-13).

Тие биле послушни на Господовите заповеди: ,.љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добра на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат“(Матеј 5, 44). И така, тие и со своите зборови и со своите дела Го пројавувале Христа Кој дејствувал во нив. А ние, бидејќи живееме и се однесуваме спротивно на Неговите заповеди. се докажуваме исполнети со секаква нечистотија.

И затоа. наместо да бидеме храм Божји, ние сме станале пазариште; наместо да бидеме дом на молитва сме станале пештера разбојничка; наместо да бидеме свет род ние сме род на грешници; наместо да бидеме народ Божји ние сме народ исполнет со гревови; наместо да бидеме свето семе, ние сме семе на злото; наместо да бидеме синови Божји ние сме синови на беззаконието. Такви сме, затоа што сме ги оставиле заповедите на Господа, им служиме на лошите духови преку истите страсти и Го разгневуваме Светиот Израилев.


Свети Максим Исповедник

 

Избор од фб профил на Православен Источник