TViTer388


Не треба да бидеме под влијание на сечие мислење


Оставете го мислењето на другите.
Мислењето на другиот  е важно колку што ние му придаваме важност и дозволуваме да влијае на нас.
Направете си услуга и држете се настрана од негативните луѓе. Не се грижете што другите зборуваат.
Еден човек кој се радува на својот живот, не е злонамерен и не се занимава со животот на другите. Тој што суди, ја покажува најмногу својата несреќа и антипатија.
          Затоа фокусирајте се да се поправите себеси.  Пронајдете го она што ви носи радост. Пронајдете ги оние луѓе кои ви носат радост и спокојство. Ова е најдобрата инвестиција - да најдете луѓе, на кои им е грижа за вас,кои не се токсични и негативни.
Што и да правите во животот, правете го и трудете се, не за да им се допаднете на другите, туку затоа што тоа што го правите, вам ви се допаѓа. Дозволете одлуките што ги донесувате да не бидат усогласени со претпочитанијата на другите. Поентата е дека се чувствувате добро со животот што го живеете.
           Секако дека ќе се советувате со некои луѓе. Но, тоа ќе бидат со луѓе на кои навистина им верувате и кои веруваат дека сакаме да растеме. Да не дозволиме мислењето на секој човек да влијае на нас. Не секој знае што е за наше добро, ниту сите го сакаат нашето добро!
Нашата најголема грешка е што бараме потврда од другите, давајќи им преголемо значење на нивното мислење.
Да ги земеме уздите на нашите животи во наши раце, а кој сака ќе ни стане сопатник. А останатите... нека се радуваат на нивниот живот.

TViTer389


            Секој човек си го прави својот избор и никој нема право да владее со него и да му суди. Без разлика дали греши или не, ќе му суди Праведниот Судија, Кој ги знае тајните на нашето срце и што е тоа што ги поттикнува нашите дела.
Многупати се чувствуваме несреќни, не затоа што доживуваме несреќа, туку затоа што не добиваме признание од другите! Не дозволувајте мислењето на другите да влијае на вас толку многу што ќе стане црв во вашиот живот. Луѓето секогаш ќе зборуваат површно и непромислено, донесувајќи  лесни заклучоци. Само не паѓајте во оваа замка и не развивајте ја оваа лоша навика да зборувате за другите судејќи ги, клеветејќи ги, злословувајќи ги, омаловажувајќи ги.
Живејте го својот живот без да ги вознемирувате другите. Ако другите ви пречат - „бегајте и спасувајте се“.

 

 Автор - Архим. Павел Пападопулос
Извор - hristianstvo.bg


За Преминпортал Симеон Стефковски

3ти септември 2022 лето Господово