TViTer689

Интернетот ни ја одзема способноста да љубиме

 TViTer693

         За време на конференцијата што се одржа во Атина под наслов „Електронските медиуми и грижа за душата од православен аспект“, психијатарот прот. Василиј Термос зборува за опасностите што ги носи Интернетот за човечката личност.

Говорникот потсети на три основни својства кои ја дефинираат човечката личност, кои исто така се целосно својствени на Бога:

- Бог е социјално битие и на човекот му дал можност за социјална комуникација.

- Бог е потполно слободен и на човекот му дал слобода.

- Тој е Љубов и затоа го направи човекот љубовно суштество.

            Прот. Василиј нагласи дека од една страна интернетот ја помага комуникацијата, бидејќи им помага на луѓето кои немаат можност да се сретнат, да воспостават контакт. Но, користењето на Интернетот, од друга страна, често го заменува нашето лично присуство во случаи кога тоа не треба да биде така.

На пример, „природното“ пријателство - кога излегуваме, запознаваме пријатели, кога нè посетуваат - се заменува со интернет - пријателство.

               Таквата “замена” во некои случаи има крајни последици и може да доведе до целосна изолација на личноста од неговите вистински пријатели. Човек ја губи способноста да има вистински пријатели, бидејќи секоја човечка асоцијација е испит за нас, нè тера да ги измазнуваме нашите остри агли.

Друг пример: човек добива информации за црковни работи од Интернет и мисли дека веќе знае сè што навистина се случува во Црквата. Но, тука не постои личното искуство да се биде во Црквата, искуството на подвигот...

Второто важно својство на личноста е слободата.

- Целиот наш живот се сведува на нашиот стремеж да се движиме напред во слободата - уверен е прот. Василиј. - Не мислам на слободата на избор! Знаеме дека слободата има многу поголема длабочина од изборот помеѓу повеќе алтернативни решенија. Зборуваме за слобода на постоење, духовна слобода, кога човек е слободен во длабочината на својата душа.

Зависноста од Интернет се јавува многу лесно. Отец Василиј рече дека грчката младина е на четврто место во светот по зависност од интернет и електронски игри. Потенцира дека на првите три места се технолошки развиените земји од Истокот и иако Грција не е на исто ниво на развој, сепак е на прво место меѓу европските земји по ваков тип на зависност.

Треба да се одбележи и дека со помош на Интернетот може да се развие зависност од секое штетно однесување - од гледање порнографија до шопинг. Но, постои и зависност од интернет сама по себе. Многу е штетно кога човек го става компјутерот над себе и бега од реалниот живот.

TViTer690

Каква е врската помеѓу Интернетот и способноста на човекот да сака?

TViTer692

– Неправилното користење на интернетот и сајбер просторот може да ни наштети на нашата способност за љубов, – објаснува проф. Термос Василиј. - Ова може да се случи ако човек со помош на Интернет добие пристап до такви материјали што заборава на љубовта. На пример - порнографија, консумеризам - таму човек ја губи способноста да сака, затоа што се врти само околу себе и добива задоволство само од она што го прави.

Задоволството само по себе не е лошо, но кога човек се врти околу него, постепено заборава да се издигне на повисоко ниво, да се искачи до љубовта и секогаш се врти околу задоволството, мислејќи дека тоа е радост. Вистинската радост е исклучиво поврзана со љубовта.

             Отец Василиј додава дека љубовта исчезнува и човекот се фокусира на виртуелниот свет, претпочитајќи да не губи време и енергија за да комуницира со луѓето во реалноста.

- Дури и меѓу неговите роднини и пријатели, тој всушност е на друго место - објаснува свештеникот. – Не е способен за љубов бидејќи мисли дека неговата природна состојба е на Интернет. Тогаш љубовта се претвара во една пауза помеѓу моментите на поврзување на Интернет.

TViTer691

            Како што видовме, на овие три квалитети на личноста – комуникацијата, слободата и љубовта –Интернетот може да нанесе голема штета. Тоа е дополнително искушение за личноста во споредба со традиционалните искушенија што некој ги доживува на овој свет. Неопходно е усилено да се бдее на ова, за да не се изгуби фокусот кон лицето Божјо, - заклучува говорникот.

Прот. Василиј Термос

според материјалите на pravmir.ru/ sveticarboris.net

За Преминпортал: Симеон Стефковски