TViTer696

ВЕРА И ДЕЛА

           „Но знаеме дека човекот не се оправдува преку делата на Законот,

           туку само преку верата во Христос Исус. “, вели апостол Павле во своето Послание до Галатјаните, „зашто преку делата на Законот нема никој да се оправда“ (Гал. 2:16). Овие зборови на апостолот предизвикуваат некои христијани целосно да го отфрлат значењето на „делата на законот“ и да тврдат дека само верата е неопходна и доволна за спасение. На тој начин, тие ја пренебрегнуваат неопходноста од разбирање на  Светото писмо во целиот негов контекст кога се обидуваат да споредуваат поединечни библиски и евангелски цитати со целиот текст на Светото писмо. Апостол Павле напишал дека „ човекот не се оп¬равдува преку делата на Законот, туку само преку верата во Христос Исус. “А апостол Јаков во своето Соборно послание до целата тогашна христијанска црква напишал: „ И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва. “. И понатаму вели: „ Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва? “ ( Јаков 2:17, 20 ). А оваа мисла ја поткрепува со следните зборови: „ Ти веруваш дека Бог е еден: добро правиш; но и злите духови веруваат, а треперат. (Јаков 2:19).
            Нема ли противречност во овие апостолски изјави: „Човек не се оправдува со дела според законот, туку само со вера во Исус Христос“ и „верата без дела е мртва“? Има многу такви очигледни противречности во Евангелието. Од една страна - „целиот свет лежи во зло“ (1. Јованово 5:19) и „ Не љубете го светот и сѐ што е во него. “ (1. Јованово 2:15), а од друга страна - „ Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син“ (Јован 3:16). Ваквите очигледни противречности постојат затоа што потекнуваат од сложениот однос помеѓу Бог, светот и човекот. Сепак, сите тие припаѓаат на Божјиот промислителен план за светот и човекот. Меѓу нив е и прашањето за патиштата на човековото спасение - само преку верата или преку верата и делата?

TViTer697
           Оваа тема е развиена во една од молитвите на утринското молитвено правило, во која лицето што се моли,се обраќа кон Господа Исус Христос со барање за спасение. Оној што се моли бара спасение по „милост“, по Божја милост. Благодатта е дар Божји. Затоа тој што се моли се обраќа кон Христа: „ Ако ме спасуваш поради делата, тоа не е благодат и дар, туку повеќе е долг “. Односно, ако спасението се должи на дела, тоа нема да биде бесплатно, туку ќе биде слично на отплата, награда, враќање на долгот. Понатаму во молитвата се вели: „ Кој верува во Мене ќе биде жив и нема да види смрт во векови “. Молителот бара да му се припише вера за спасение наместо добри дела, кои се многу малку во неговиот грешен живот.
            Верата, според сведочењето на апостол Павле, е главен услов за спасение. А апостол Јаков тврди дека спасението го одредуваат делата. Делата без вера нè водат кон спасение, туку служат како почва во која расте семето на верата, расцветува и ги носи плодовите на спасението. Верата без дела е мртва затоа што нејзиното семе нема да расте без дела. Верата без дела е апстрактна и мртва, бидејќи „дури и демоните веруваат и треперат“. Демоните се духовни суштества и покрај сета темнина на нивната духовност веруваат во Бога, Го познаваат и треперат пред Него. Меѓутоа, нивната вера не води кон добро, нивната вера е насочена кон борба против доброто и затоа таа е мртва. Таа е мртва затоа што не води кон она кон што води христијанската вера, не води до вечен живот.
Ако верата без дела е мртва, тогаш делата без вера се мртви. Во ова се состо целата трагедија на бездушниот и нерелигиозен хуманизам. Еден од руските мислители рече дека целото значење на христијанското творештво, опфаќајќи ги сите манифестации на животот на човештвото - култура, цивилизација, економија и технологија - се изразува во подготовка на светот и човештвото за сеопштото воскресение на мртвите. Токму во тоа тој го виде значењето на она што тој го нарече „заедничко дело“. Не случајно Црквата го именува своето централно богослужение со овој израз: зборот „литургија“ преведен од грчки значи „заедничко дело “. Верата на Црквата ја наоѓа својата целосна основа имено во ова „ заедничко дело “.
Задачата на секој христијанин е да ја оплоди својата вера со христијански дела, да ја обработува почвата во која е посеано семето на верата. Да го посипе со делата на покајанието, да го обработува со делата на милосрдието, да го негува со делата на простувањето. А верата што е оплодена со дела, дури и да е „мала како синапово зрно“ (Мт. 17:20), ќе може да помести планини.

TViTer698
            Во Христовата парабола за Страшниот Суд (Мат. 25), Судијата кој ќе дојде во светот нема да ги праша оние што стојат пред Последниот суд каква е нивната вера. Ќе ги праша за нивните дела. Меѓутоа, верата нема да биде омаловажена, бидејќи само во нејзината почва можат да созреваат делата на христијанското милосрдие, делата на љубовта, мирот, покајанието и простувањето. Токму овие дела сведочат дали верата била мртва или жива. И само оние во кои Познавачот на срцата видел живи плодови на верата, во кои видел активна љубов, ќе го слушнат Неговиот повик: Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од по¬четокот на светот; “ (Мат. 25:34).


TViTer695

Радио Слобода, 28 октомври 1990 година / автор: протоереј Георгиј Бенигсен
Извор: богоносци.бг
За Преминпортал: Симеон Стефковски

 13ти декември 2022 лето Господово