TVIT993
 
НОВА ГОДИНА — ПОЧЕТОК НА ДВИЖЕЊЕ КОН БОГ
 
Новата година не е само нов датум на календарот, туку и нови надежи и нови очекувања. Веројатно поради оваа причина, на новогодишната ноќ, многу луѓе си ветуваат дека ќе станат подобри, ќе променат нешто во животот, ќе постигнат нешто. Се разбира, овие желби ретко се остваруваат, а ако се остварат, тоа е само донекаде. Зошто?
           Затоа што сè што нема духовна основа не трае долго. Посебно кога станува збор за внатрешна промена на личноста или за нештата кои бараат сериозни морално – волеви усилби. Во оваа смисла, секој ден може да стане Нова Година (како појдовна точка за остварување на внатрешните аспирации) и резултатот секогаш ќе биде ист - жален.
            Луѓето кои веруваат имаат сосема поинаков пристап кон остварувањето на своите аспирации. Тие разбираат дека желбата да го промените вашиот живот не е доволна сама по себе. Покрај желбата, потребни се и сили кои ќе помогнат да се дојде до посакуваната промена. Овие сили се волјата на човекот и волјата Божја. Човекот е Божји соработник во делата на своето усовршување. Неговата појдовна точка не е Нова Година или некој друг датум или ден, туку покајанието, односно целосно преиспитување на сопствениот однос кон светот. Основата на промената е промената на перцепцијата на светот, промената на умот. Не е можно да се промените себеси ако не го промените вашиот став кон светот. Можете да станете подобра личност само кога ќе го победите сопствениот егоизам и кога светот (како збир на материјални добра и задоволства) ќе престане да биде центар на вашето постоење.
             На овој начин, за верникот, почетокот на новата година е секогаш поврзан токму со ова преосмислување на светот и неговото место во него. Му благодариме на Бога за изминатата година и се надеваме дека ќе ни помогне да ја преживееме и следната година. Во нас отсуствува било каква еуфорија или „радосна“ хистерија за новиот датум на календарот. Се молиме и го молиме Создателот да ни помогне да станеме подобри, да се зближиме со Него. Во оваа смисла, вредноста на времето што го поминуваме на земјата директно зависи од нашата заедница со Бога. Затоа што ако недостасува такво заедништво, тогаш нашето време се губи, претворајќи се во низа бесмислени денови.
 
TVIT995
 
Додека ви ја
честитам
 
Новата година што доаѓа, сакам да ви посакам само едно: да ја живеете оваа година така што кога ќе заврши, прашањето за вашата близина со Бога да биде најважното во вашиот живот.
 
Автор: Баришевски архиепископ Виктор ( Коцаба )
Извор: богоносци.бг / Подготвил Симеон Стефковски
НЕКА Е РАДОСНА НОВАТА 2023 ГОДИНА!🥂🌟♥️🎹
 
31.12.2023