sv.Jov.Zlatoust.jpg


Една девојка која посебно напреднала во стравот Божји раскажала што ја навело да се о-предели за монашкиот пат. „Родителите ми у-мреле додека се уште сум била дете. Татко ми бил скромен и со тивка природа, но бил слабичок и со нежно здравје; тој бил во голема мерка по-топен во грижата за своето спасение и живеел така повлечено, што ретко кој можел во селото да го види надвор. Ако некогаш би се осетил по-добро, би ни донесол во домот нешто од плодо-вите на својот труд; поголем дел од времето по-минувал во пост и во страдања. Толку бил молча-лив што оние коишто не го познавале можеле да мислат дека е нем. Спротивно на него, мајка ми живеела во крајна расеаност и во таков разврат што жени слични на неа во целата земја немало. Била зборлива до таа мерка што се чинело дека целото нејзино битие се претвора во јазик. Не-престајно предизвикувала кавги со сите, времето го поминувала во пијанство и во лудории, па го потрошила сиот свој, прилично голем имот. Притоа, од раѓањето до староста таа никогаш не бо-ледувала. Мојот татко, веќе истоштен од долго-трајната болест, се упокоил. И штом ја испуштил душата, надвор се стемнило, почнало да врне дожд, севнала молња, удрил гром и три дена и три ноќи без да престане лиело како од крбла. Заради вакво-то страшно невреме неговиот погреб бил одложен за три дена, така што селаните, чудејќи се, си гово-реле: „Овој човек беше толку омразен од Бога, па дури ни земјата не го примаше да го погребат". И одвај некако го погребале и покрај тоа што поројот и невремето не престанувале. Мајка ми, пак, си до-била уште поголема слобода. По смртта на татко ми, уште побесно се оддала на разврат и на веселба. Но умрела и таа, и погребот и бил величествен: се чинело дека и самиот воздух е погоден за испраќа-ње на нејзините остатоци. Кога таа умре, јас бев млада и телесните желби во мене веќе почнаа да се будат. Една вечер почнав да размислувам за тоа чиј животен пат да го земам за пример. Може ли да се живее како татко ми, кој своите денови ги помину-ваше во скромност, во тихување и во воздржување, ама кој никогаш ништо добро за себе не видел, се-когаш боледувајќи и тагувајќи, а кога почина, дури ни земјата не го прифаќаше неговото тело? Ако таквиот живот Му бил угоден на Бога, зошто татко ми преживеал толку патење и неволји? Подобро е животот да се поминува онака како што правеше мајка ми, предавајќи се на страстите и на раскошот - ми потшепна помислата. Подобро е да им се веру-ва на сопствените очи и на она што е видливо: подобро е на се да се насладува, отколку да се верува во нешто невидливо и од се да се одрекува.
И така, во својата душа се согласив да го од-берам патот сличен на оној по кој одеше мојата мајка; во тоа размислување ме затекна ноќта и јас заспав. Во сонот пред мене застана некаков човек со висок раст и со гневен поглед; ме швркна со по-гледот и строго, со лутина во гласот ми рече: „И-споведај ми ги помислите на своето срце. Кој живот повеќе ти се допадна?"
Откако се изгубив од страв и откако забора-вив на своите помисли, му одговорив дека не сум и-мала никакви помисли. Но тој ме потсети на се она за што размислував во длабочините на својата ду-ша и ми рече: „Дојди да ги видиш и едниот и други-от, и татко ти и својата мајка, па одбери си живот каков што сакаш".
Откако го рече ова, ме фати за рака и ме по-влече со себе. Таа ноќ го видов својот татко во пре-убавата рајска градина, а мајка ми ја видов во ад-скиот оган како гори и не изгорува, како демони ја опкружуваат и го слушнав нејзиниот пискот: „Ќер-ко моја, помогни ми! Не презирај ги солзите на сво-јата мајка. Сети се на моите маки додека те донесу-вав на свет!"
И мене ме обзеде плач и почнав да викам. Моето викање ги разбуди домашните. Им раскажав какво видение имав и одлучив да тргнам по оној пат по кој одеше мојот татко, уверувајќи се, според Божјата милост, во маките што се подготвени за о-ние кои го поминуваат својот живот во разврат".